Прослава во домот на Богдан Срејовиќ, момчето на Цеца – честитки пристигнуваат од сите страни, дивата се уште не се огласила!
Момчето на Цеца денес слави роденден
Богдан Срејовиќ кој е осум години помлад од Цеца Ражнаовиќ, денес го слави својот 39-ти роденден.
Партнерот на Цеца на социјалните мрежи постојано добива честитки по повод неговиот роденден, кои што тој јавно ги сподели со своите бројни следбеници. Пејачката досега се уште се нема огласено по овој повод, а фановите се љубопитни да дознаат што ќе му купи за подарок.
Да потсетиме, Цеца и Богдан започнаа љубовна врска при крајот на минатата година откако се запознаа преку една заедничка пријателка. Тој работи како менаџер во еден белградски ресторан во кој Цеца е честа гостинка во последно време и важи за позната „белградска фаца“.
Богдан од раните утрински часови почна да ги споделува роденденските честитки, меѓу кои посебно се истакнаа оние што ги доби од неговите пријателки.
Откако ја дочекаа Нова година заедно и ја известија јавноста за нивната врска, Цеца гo престави Богдан пред своите деца, Вељко и Анастасија.
Меѓу оние што му го честитаа роденденот беше и Маријана Гулан, сопругата на поранешниот играч на Партизан, Никола Гулан.
Неколку недели подоцна, кога му беше куќна слава, Богдан ја запозна пејачката со неговото семејство.
Инаку, Богдан деновиве привлече внимание и со една од своите последни објави на социјалните мрежи.
Имено, момчето на Цеца објави фотографија од теретана на која позира во маичка без ракави, покажувајќи ги своите мускули.
На фотографијата не можеше да и одолее ни Цеца која му стави лајк воодушевена од неговото згодно тело.
Воодушевени беа и неговите бројни следбеници, судејќи според коментарите што ги доби под фотографијата.
Фото: Инстаграм/ Богдан Срејовиќ
Фото: Инстаграм/ Богдан Срејовиќ
Фото: Инстаграм/ Богдан Срејовиќ
Фото: Инстаграм/ Богдан Срејовиќ
Фото: Инстаграм/ Богдан Срејовиќ
Фото: Инстаграм/ Богдан Срејовиќ
Фото: Инстаграм/ Богдан Срејовиќ
Фото: Инстаграм/ Богдан Срејовиќ
Фото: Инстаграм/ Богдан Срејовиќ
Фото: Инстаграм/ Богдан Срејовиќ
Фото: Инстаграм/ Богдан Срејовиќ