Популарнот актер откри интересни детали за себе, а еве дали ќе се снима и шеста сезона на „ПРЕСПАВ“
Популарниот актер кој сите го знаеме како „Марио“ од „Преспав“ откри детали за себе, ни и како започнало се во истоимената серија.
Македонскиот актер Васил Зафирчев има богата актерска кариера, но улогата на Марио дефинитивно ќе остави голем печат во неговиот живот.
При гостување во емисијата „Лазарав шоу“ Ваил зборуваше за почетокот на снимањето на „Преспав“ и додава дека на кастигнгот не бил повикан за ликот за Марио.
„Јас на кастингот за „Преспав“ не бев повикан за ликот на Марио. Бев повикан за друг лик, нема да откријам кој. Но, режисерот ме замоли да прочитам монолог на еден друг лик за кој знаев дека се вика Марио, дека е Хрват и дека е готвач. Го прочитав јас тоа, со сите упаства од режисерот и на крајот ја добив таа улога“, раскажува Зафирчев.
Васил зборувајќи за серијалот „Преспав“ велчи дека не може да одвои една омилена сцена или епизода, но вели дека може да каже дека омилени му се епизодите каде неговиот лик го остварува тоа што е негова биографија.
Тој вели дека е убаво да се работи со такви луѓе, но сепак е напорно и се работи интензивно на снимањето.
– Драго ми е што публиката ја препозна вистинската цел на проектот. Целта беше да забавува, да овозможи на гледачите смеејќи се да размислат на некои живото општествени прашања за коишто се уште имаме потреба да работиме, да ги менуваме и да скрши некои табуа и предрасуди. Најважно од се е што публиката си најде свои омилени ликови, но и ликовите имаат публика или целна група на која се обраќа“ рече Зафирчев.
Сепак вели дека не знаат дали ќе има шеста сезона иако како што вели дека би сакал и се надева дека ќе има некои нови соработки.
Васил сега има ново шоу „Кујната на Марио“ и вели дека целта е да се мотивираат и оние кои немале никаква врска со готвење да се интригираат и да се обидат да направат нешто.
Приватно Васил е вегетаријанец и не јаде месо и риба, па затоа и она што го готви е природно и здраво.
На прашањето како би реагирал доколку би требало да глуми со неговата поранешна сопруга Калиопи, тој одговори:
„Супер, каква ќе ми беше. Калиопи е голем уметник и добра актерка. Ние со Калиопи соработуваме на многу проекти, и во театар и во однос на нејзината видеопродукција. Ќе бев среќен во секој случај“, вели актерот.
Васил беше во брак со по дивата Калиопи од 2004 година до 2011, но и после разводот и двајцата тврдат дека останале добри пријатели.
Васил со глумата започнал да се занимава многу млад, а има учествувано во многу театарски претстави, остварил повеќе од 60 улоги во театар, телевизија и на филм. Добитник е на сите престижни глумечки награди во Македонија, меѓу кои и на највисокото глумечко признание „Ристо Шишков“, како и на повеќе меѓународни театарски награди.
Во едно интервју за „Гламур“ тој откри дека во приватноста се разликува многу од него како карактер.
– Хрватскиот јазик воопшто не ми беше проблем, бидејќи веќе го изучував за време на анагжамнот во претставата „Електра“ на Истарското Народно Казалиште во Пула. Иако самиот факт што создавате лик кој говори на друг јазик од мајчиниот секако бара поголема и поинаква подготовка и третман. Марио е лик кој суштински се разликува од мене како карактер. И од него ги научив токму валцерите на лесно и ненаметливо преминување од едно во друго расположение, ситуација или околност, рече Зафирчев.
Васил гостуваше во емисијата „Живот со стил“ кај Елена Стефановска и потенцираше дека заедничка особина со Марио е и медитацијата. Васил изјави дека веќе седум години медитира и секој ден му завршува со медитација.
Зафирчев во шесто одделение почнал да се интересира за актерството и тогаш се зачленил во велешката театарска секција и оттогаш знаел дека тоа ќе биде неговиот животен пат.
Васил има играно и во многу театарски претстави, но дефинитивно ќе остане запаметен по ликот на Марио во „Преспав“ па затоа со нетрпение чекаме да видиме дали ќе има и шеста сезона.