Откако објавија дека се заедно станаа омилен пар на македонската јавна сцена, а двајцата пак не кријат дека се вљубени „до уши“.
Македонскиот најпопуларен шоумен Игор Џамбазов и алпинистката Илија Арсова судејќи по објавите на социјалните мрежи, но и пораките кои си ги посветуваат се вљубени и не ја кријат љубовта.
Игор на својот инстаграм профил објави фотографија со својата сакана, а во описот на фотографијата напиша:
„Љубовта е насмевка што се познава од авион …“, напиша тој до објавата, а за кратко време објавата собра неколку илјади лајкови.
Игор кон крајот на 2019 година изјави дека во неговиот живот нема место за жените, освен за неговата мачка Емче, но сега очигледно нештата се смениле, па за Илина има повеќе време иако велеше дека не може да ги трпи жените повеќе од два часа.
Парот неодамна ја прослави својата прва годишнина од врската, а Игор на свој уникатен начин се огласи на Инстаграм и напиша дека по само две недели дружење почнале врска.
-Лани, на овој ден, после две недели дружење и запознавање, ме врати со колата до Сретеново, ја изгаси машината, се заврте кон мене и ми кажа: „А бе ти, имаш намера да ме гушнеш некогаш?“ Излеговме од „Ланусот“ и … ја гушнав. Гушката сè уште трае …, напиша Игор Џамбазов.
И додека Џамбазов најмногу визуелно ужива во убавините на природата, Илина верна на своите спортски навики и начинот на здрав живот, не ги пропушта своите физички активности.
Игор често споделува фотографии и кратки видеа од својата девојка и се фали што се таа може да направи.
Од уметнички слики до искачување планини и кревање на вратило, Илина има талент за сè, а Игор не крие дека е горд на неа.
Пред извесно време Илина го запозна и својот свекор, маестро Александар Џамбазов. Игор сподели фотографија и од средбата на Илина со неговиот татко.
„Конечно реализирана долгоочекуваната трилатерална средба на Водно, помеѓу маестро Џамбазов, Илина Арсова и дечкото без брада“, напиша Џамбазов во опис на фотографијата.
А тоа дека нивната врска станува се посериозна, сведочи и тоа што Игор ги запозна родителите на Илина.
Имено, тие објавија фотографија со родителите на Илина во селото Јанче, во етноресторанот во рамките на хотелот Туто, кој очигледно е едно од омилените места на познатиот пар.
Тоа дека љубовта им цвета покажаа и со фотографиите од кои можеме да видиме како уживаат во прекрасните предели на Македонија. Тие и двајцата се авантуристи и обожаваат да ги истражуваат убавините на нашата прекрасна земја.