Македонската Анџелина Џоли официјално ја отвори сезоната на бикини- со новата објава ги ЗАПАЛИ социјалните мрежи
Гевгеличанката ги вжешти социјалните мрежи со своите облини.
Кога се работи за совршени облини и тело до перфекција тука е нашата позната манекенка и фотомодел Александра Накова која во секоја објава има што да покаже.
Овојпат Накова постираше неколку фотографии покрај базен. Во оскуден костим за капење во корална боја Накова ја вжешти атмосферата.
Со извајаното тело, тетоважи и бујно деколте Накова веднаш собра илјадници лајкови, но и низа коментари.
Накова зад себе има еден брак, од кој ја доби ќеркичката Леа и не крие колку е среќна и горда на својата наследничка.
Неодамна таа славеше роденден, а од приложените фотографии и видеа можевме да видиме дека славеничката изгледаше како принцезичка и дека беше пресреќна, и покрај тоа што заради епидемијата со коронавирусот не беа во можност да направат голема роденденска прослава, туку само во кругот со најблиските пријатели и роднини.
Мама Александра тогаш ја изненади Леа и со честитката на социјалните мрежи, каде со емотивна порака и го честиташе роденденот.
„Секогаш ќе бидеш моето мало убаво девојче. Се надевам и дека секогаш ќе знаеш колку те сакам. Среќен роденден мое бебенце“, напиша Александра.
Просторијата беше украсена со голем број бели и розови балони кои совршено одговараа со преубавата голема розова торта во форма на еднорог.
Инаку, поранешната манекенка и ријалити ѕвезда, која во моментов живее во Гевгелија, ќерката ја доби од бракот со поранешниот кошаркар Никола Гајдаџиев.
Инаку Накова неодамна отвори и свој бутик за женска облека и постојано е активна на социјалните мрежи.
Накова сподели и неколку фотографии од отворање на нејзиниот нов бутик во Гевгелија, по што следеа низа честитки и желби за успех.
Секако и оваа пригода не помина без провокативен стајлинг на Александра која одбра кратко фустанче со длабоки деколте.