Реклама
Наши ѕвезди

Честитки пристигаат од сите страни, Џамбо објави преубави вести – познатиот трубач го прогласија за крал на ромската музика

Реклама

Македонскиот оркестар Агушеви не е познат само на Балканот, туку и во целиот свет.

Фото: Фејсбук/ Џамбо Агушев

Музичките почетоци на оркестарот Агушеви  датираат од 90 – тите години на минатиот век кога биле поставени корените на првичниот состав на Агушеви, за пред неколку години, младиот и талентиран Џамбо Агушев, да застане на чело на оркестарот со кој патува низ целиот свет.

Тој со право ја нои титулата крал на трубата, а овие денови во Бугарија, на една манифестација по повод денот на Ромите, од страна на организаторите му беше врачена една од најголемата награда „Крал на ромската музика“.

Маркетинг

Имено, деновиве на социјалните мрежи пријателите и фановите му честитаат за наградата што Џамбо ја освои неодамна во Бугарија, на 50 годишниот јубилеј од манифестацијата „Ден на Ромите“.

Фото: Фејсбук/ Џамбо Агушев

На истата манифестација истата награда и беше врачена и на неговата сакана колешка Роксана, кралицата на Бугарската музика.

Фото: Фејсбук/ Џамбо Агушев

Џамбо на социјалните мрежи напиша дека му е голема чест и задоволство што ја свои оваа престижна награда и се заблагодари до Министерството за култура и организаторите кои стојат зад настанот.

Маркетинг
Фото: Фејсбук/ Џамбо Агушев
Фото: Фејсбук/ Џамбо Агушев

Инаку, Џамбо е еден од нашите најдобри музичари и е познат во целиот свет, но славата воопшто не влијаела на него.

Фото: Фејсбук/ Џамбо Агушев

Тој е еден од омилените ликови како кај нас, така и во целиот регион, а важи и за одговорен и грижлив татко.

Фото: Фејсбук/ Џамбо Агушев

Татко на три ќерки

Неговото вистинско име е Исеин, а прекарот го има добиено од Ферус Мустафов кога имал 11 години.

Фото: Фејсбук/ Џамбо Агушев

Имено, легендарниот македонски саксофонист Ферус Мустафов му велел дека е брз како џамбо-џет кога го слушнал прв пат како свири.

Џамбо својата сопруга Анеса ќе ја запознае на еден концерт во Германија и денес тие се повеќе од 10 години во брак и имаат три деца.

Фото: Фејсбук/ Џамбо Агушев

„Секогаш се молев да ја најдам вистинската љубов и моментот кога прв пат те видов, сфатив дека ми се исполни желбата. Годините никогаш не ги смениле моите чувства кон тебе. Мојата среќа се зголеми со зближување и од твоја страна и ќе продолжи да се зголемува секоја година. Среќна годишнина од свадбата, мојата драга сопруга, убавата мајка на моите деца. Многу те сакам!“- ќе напише Џамбо за својата поубава половина на денот на нивната годишнина.

Фото: Фејсбук/ Џамбо Агушев

Џамбо и Агнеса во септември минатата година ја добија ќерката Мелинам, а веста на социјалните мрежи ја објави среќниот татко. „Фала му на Бога, мојата ќерка Мелинам се роди. Добре дојде во нашето семејство, моја убава ќерко!“, напиша тогаш Џамбо.

Фото: Фејсбук/ Џамбо Агушев

Покрај Мелинам, тие ги имаат и ќерката Севги и синот Мерт, со кои Џамбо ужива да го поминува времето.

Фото: Фејсбук/ Џамбо Агушев

Фото: Фејсбук/ Џамбо Агушев

Фото: Фејсбук/ Џамбо Агушев

Фото: Фејсбук/ Џамбо Агушев

Фото: Фејсбук/ Џамбо Агушев

Фото: Фејсбук/ Џамбо Агушев

Фото: Фејсбук/ Џамбо Агушев

Фото: Фејсбук/ Џамбо Агушев

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button