Реклама
Наши ѕвезди

Нашата позната пејачка откри детали во врска со нејзината свадба – ПРИЈАТЕЛКИТЕ се нестрпливи, но на Лоба не и се брза

Реклама

Девојката која со својата појава плени каде и да се појави откри детали за својата приватност.

Иако Лоба важи за една од оние познати личности кои не сакаат да откриваат многу за приватноста, овојпат откри интересни детали за себе.

Маркетинг

Македонската пејачка Виктротија Лоба во „Еден на еден“ откри дека го прележалла коронавирусот, но за среќа без никави симптоми, а заразата ја открила сосема случајно кога требала да оди на пат во Хрватска, па морала да остане дома.

Лоба има руско потекло, па поради тоа се пошегува, па рече можеби тоа има улога.

Маркетинг

– Имав и мирис и вкус. Ми се интензивираше чувството за мирис. Ова е некоја руска генетика, не знам баба ми како мала со што ме хранела рече Лоба во интервјуто.

ФОТО: Принтскрин/ Јутјуб
ФОТО: Принтскрин/ Јутјуб

Лоба во 2019 година се вери со бизнисменот Ѓорги Калешов, но поради коронавирусот плановите за свадба мораа да почекаат, па сега на прашање до каде е свадба, Лоба одговори „Корона е, има Ковид“, па додаде.

„Повеќето парови сега така функционираат. Најважно е партнерите да се согласуваат и да бидат најдобри другари. И тоа е тоа. Другарките цело време ме прашуваат – „кога фустанот ќе го облечам?“. Моите другарки сите се пејачки, знаеш што ќе биде тоа … Ние уствари ќе си направиме миниконцерт“, вели Лоба.

ФОТО: Принтскрин/ Јутјуб

Таа додаде дека не јаде месо, но не поради избор туку едноставно нејзиното тело не го поднесува.

Иако нејзиниот љубовен живот отсекогаш бил тајна, таа својата свршувачка ја потврди јавно уште во месец септември.

ФОТО: Викторија Лоба/ Инстаграм

– Човекот не треба да се менува ако тоа не е пожелно за него, а поради туѓите желби и потреби најмалку. Во таквиот однос нема здрава врска и слобода. Вистинскиот збор е „прифаќање“ тоа е волшебна особина која ја немаат повеќето, а е навистина доблесна особина зошто само така се гради стабилен однос меѓу кои било две индивидуи независно дали во врска, брак, на работа итн.

ФОТО: Викторија Лоба/ Инстаграм

Друга работа е кога поради љубов кон другиот сакаме да се приспособиме, да направиме компромис, а таа одлука не ни создава притисок и негативни емоции. За секаков вид на успех како што кажав потребно е прифаќање, љубов и поддршка. Без тие особини врската нема среќен крај. изјави Лоба во едно интервју за Гламур.

ФОТО: Викторија Лоба/ Инстаграм
ФОТО: Викторија Лоба/ Инстаграм

Лоба во Македонија дошла во 1998 година, а веќе во 2003 ја претставуваше државата на детска Евровизија.

Лоба важи за голем љубител на кучиња, па затоа одлучи да си земе милениче.

ФОТО: Викторија Лоба/ Инстаграм
ФОТО: Викторија Лоба/ Инстаграм

Пред една година таа ја вдоми преслатката Маша, кученце од популарната раса помпериан, за која вели дека сака да ја разгалува.

ФОТО: Викторија Лоба/ Инстаграм

Присетувајќи се на детските денови во Русија таа рече дека децата уште во предшколдска возраст знаат да пишуваат и читаат, но и дека знаат да сметаат множење и делење.

– Баба ми ме изнамачи со тоа, тоа беа слатки маки. Ме прати на авион за Македонија со таблица за множење“ се присетува Лоба велејќи дека нејзината баба го сакала најдоброто за неа, што судејќи по ова што го гледаме од Лоба, јасно е дека завршила добра работа!

ФОТО: Викторија Лоба/ Инстаграм
ФОТО: Викторија Лоба/ Инстаграм
ФОТО: Викторија Лоба/ Инстаграм
ФОТО: Викторија Лоба/ Инстаграм

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button