Кафето поевтино од 50 денари, хотел од 1000 денари – еве зошто СИТЕ ЗБОРУВААТ за одмор во Албанија и кои се најубавите плажи!
Цените за летување во Албанија во главно се пониски од останатите земји во опкружувањето.
Кафето ќе го платите помалку од 50 денари, додека едно ноќевање на најпознатите светски туристички сервиси можете да најдете од 20 долари и тоа во јуни.
И останатите цени се поволни, па затоа од сезона во сезона се повеќе туристи одлучуваат да ја посетат Албанија.
И додека долги години оваа земја за нас беше затворена и непозната, денес времињата многу се променија. Имено, Албанија некогаш беше позната како земја на орлите и бункерите, но денес нема некој што не слушнал за нивните убави плажи и тиркизното море, но и за љубезноста на албанските угостители. Таа преставува нова туристичка мапа на светот, а секој што барем еднаш бил и го видел нивното море, ги надминал сите предрасуди за оваа земја.
Туризмот во Албанија во последните неколку години е во голема експанзија, па во земјата пристигнуваат се повеќе туристи и тоа од целиот свет.
Во прашање е медитеранска земја со богато историско, културни и природно наследство која излегува на две мориња.
На запад Албанија излегува на Јадранското додека на југозапад на Јонското море. Плажите во главно се песочни, а најдолгата (и една од најубавите) се протега на 12 километри од 450-те километри морско крајбрежје.
Плажа Ѓипе
Еден од скриентите бисери на Албанија е прекрасната плажа Ѓипе која се наоѓа недалеку од Валона. Посетителите до неа можат да дојдат со брод или автомобил, но во тој случај мора малку да пешачат до неа.
Плажата е опкружена со високи карпи, па ќе имате чувство како да се наоѓате на пуст остров. Водите на Јонското море се кристално бистри, а многумина велат дека очите „болат“ од толкаво синило.
Фото: Инстаграм/ edgeplore_trips
Фото: Инстаграм/ Албанија.рс
Фото: Инстаграм/ d.reci
Плажа Грамата
Една од најубавите плажи во Албанија, заливот Грамата е прекрасно место на кое може да поминете ден, а е во близина на Валона. Дозволено е кампување, но задолжително носете вода, храна и друго што ви е потребно зошто Грамата беј е изолирана и дива плажа на која нема ништо.
Плажа Дерми
Плажата и истоименото место Дерми се наоѓаат на 42 километри од Валона, а летувалиштето е познато по ноќниот живот и традиционалните камени куќи.
Последните години се повеќе скандинавски туристи доаѓаат тука. Сепак и натаму местото е поштедено од масовен туризам во однос на други дестинации во Албанија.
Фото: Инстаграм/ travel_with_elis
Фото: Инстаграм/ commons.world
Фото: Инстаграм/ goalbania_al
Фото: Инстаграм/ anxhi_celiku
Фото: Инстаграм/ inspirationsavenue
Фото: Инстаграм/ albania_natyre.c.o.m
Фото: Инстаграм/ travel_with_elis