Брена во Дубаи ужива со снаата, а таму ги третираат како кралици – ПОГЛЕДНЕТЕ како изгледа одмор од соништата
Популарната фолк-пејачка Лепа Брена по Велигден ги спакува куферите и замина со својот сопруг Бобан, синот Виктор и неговата девојка Сандра во Дубаи.
Хотелот во кој се сместени потсетува на кралска палата, а услугата им е достапна преку целиот ден.
Пејачката веќе цела година, односно колку што трае ситуацијата со короната времето го поминува со најблиските.
Таа задно со нив беше на најразлични патувања и дестинации, а овој пат избра Дубаи каде што максимално ужива.
„Обожава да патува и често ги менува државите и континентите. Во Мајами има своја вила, но сака да ги посети и другите егзотични дестинации. Сака море и вода кои што ја опуштаат. Посебно обожава крстарење со јахта. Во Црна Гора има своја јахта па така ги посетува тамошните приморски градови но и во соседна Хрватска. Многумина се прашуваат дали конечно како и Саша Поповиќ ќе се пензионира, но Брена со насмевка им кажува дека тој филм нема наскоро да го гледаат. Таа е голем работник. Овие патувања сега и одговараат. И беа потребни. Со години доста работеше и ретко можела да поврзе по 15 дена да биде слобода. Посебно преку лето, кога имаше голем број концерти“.
„Но никогаш не би можела да седи дома или само да патува, а ништо да не работи. Сака да пее, но и да се дружи со својата публика. Има фанови ширум светот. Насекаде е добредојдена, и е некој кој има трпение по настапот да се фотографира и по цели часови со своите обожаватели. Затоа, како што кажува, додека ја служи грлото, таа ќе пее“, истакна извор близок до семејството на Брена за српскиот „Блиц“.
Брена на ова патување замина заедно со сопругот Бобан, синот Виктор и неговата девојка Сандра.
Пејачката објави фотографија на која позира во костим за капење, а фановите беа воодушевени од нејзиниот изглед.
Таа едноставно изгледа совршено на свои 60 години, а костимот во розови-бели нијанси совршено стои на нејзиното исончано тело.
Во продолжение погледнете како на ова луксузно патување уживаше и снаата на Брена, Сандра Миљаковиќ.
Фото: Инстаграм/ Сандра Миљаковиќ
Фото: Инстаграм/ Сандра Миљаковиќ
Фото: Инстаграм/ Сандра Миљаковиќ
Фото: Инстаграм/ Сандра Миљаковиќ
Фото: Инстаграм/ Сандра Миљаковиќ
Фото: Инстаграм/ Сандра Миљаковиќ
Фото: Инстаграм/ Сандра Миљаковиќ