Брена се coблече во костим за капење во шестата деценија и гo „запали“ интернетот – младите дами можат само да и завидуваат
Брена позираше во пикантно издание во Дубаи, а на нејзината линија можат да и завидуваат и морските сирени
Една од најпознатите фолк пејачки на овие простори, Лепа Брена, замина со својот сопруг на одмор во Дубаи и со фотографијата што ја објави, а на која е во костим за капење, направи хаос на социјалните мрежи.
Пејачката позираше на јахта во едноделен модел на костим за капење, додека во преден план беа нејзините долги и убави нозе.
Брена веќе долги години важи за една од најзгодните пејачки, а со ова издание покажа дека оправдано ја носи титулата.
Следуваа бројни комплименти и коментари на сметка на нејзиниот изглед од страна на фановите, а многу помлади дами и порачаа дека и завидуваат.
Таа едноставно изгледа совршено на свои 60 години, а костимот во пинк-бела боја совршено стои на нејзиното исончано тело.
Нејзините фанови се воодушевени од тоа како пејачката изгледа во својата шеста деценија од животот, па многумина заклучија дека за неа годините се само бројка.
Инаку, познатата пејачка неодамна ги „запали“ социјалните мрежи и кога покажа како изгледа без грам шминка на лицето.
Пејачката неодамна на својот Инстаграм профил најави еден нов проект, а пред камерите позираше без шминка и ги изненади сите.
Иако сме навикнати да ја гледаме перфектно средена, факт е дека приватно ниту една жена не носи шминка нон стоп.
Но само некои се подеднакво убави и со неа и без неа…
На одмор со синот и снаата
Заедно со Брена на Персискиот залив ужива и нејзинит помлад син Виктор со својата девојка.
Тој на Инстаграм откри како си поминуваат со Сандра, а фановите беа воодушевени и од овие фотки.
Фото: Инстаграм/ Сандра Миљаковиќ
Фото: Инстаграм/ Сандра Миљаковиќ
Фото: Инстаграм/ Сандра Миљаковиќ
Фото: Инстаграм/ Сандра Миљаковиќ
Фото: Инстаграм/ Сандра Миљаковиќ