Наши ѕвезди

Тамара имаше убав повод за славење- на Хана и приреди роденденска забава како од бајките, сон за секое мало девојче

Advertisement

Нашата популарна пејачка славеше роденден на својата ќерка па направи мала забава.

ФОТО: Тамара Тодевска / Инстаграм

Тамара Тодевска со најблиските пријатели направи роденденска забава за Хана, а таа пресреќна и насмеана позираше пред објективот додека мама ја слика.

Advertisement

Хана наполни пет години, а како и секое девојче на нејзина возраст тортата беше во форма на еднорог, а таа облечена во фустанче со тул.

Покрај Хана мама Тамара блеска од среќа, а тато Александар – Мачка беше задолжен за малиот и пресладок Дарин.

ФОТО: Тамара Тодевска / Инстаграм

Пејачката Тамара Тодевска го користи секој слободен момент за да на своите со своите наследници помине прекрасни заеднички моменти.

Advertisement
ФОТО: Тамара Тодевска / Инстаграм

Тамара е активна на социјалните мрежи, па често споделува фотографии, но и видеа од децата кои се преслатки, а особено Хана на која Тамара неодамна и отвори и нејзин профил „Дневнадозахана“.

Под фотографиите Хана постојано добива комплименти за тоа колку е паметна и слатка.

Нејзините фотографии веќе бројат илјадници лајкови, а има и неколку преслатки видеа за Тик-Ток.

ФОТО: Тамара Тодевска / Инстаграм
ФОТО: Тамара Тодевска / Инстаграм

Огромна популарност и бура реакции Тамара стекна со настапот на Евровизија во 2019 година со песната „Proud“ (Горда) и го освои седмото место, а по фестивалот се здоби со голема популарност во целиот регион.

ФОТО: Тамара Тодевска / Инстаграм

„Ден кој никогаш нема да го заборавам. Ви благодарам“, напиша тогаш Тамара на Твитер на крајот од гласањето.

Во интервју и за српскиот портал „Новости.рс“ зборуваше искрено за тешките моменти.

„Навистина мислам дека солзите се лек за сè. Најголемиот дел од времето се трудиме да бидеме силни, но мислам дека нашата сила лежи во тоа да ја покажеме слабоста, и да уживаме, како во позитивните, така и во нештата кои не прават тажни дури можеби и во оние кои не повpeдуваат.

Ова најверојатно звучи лyдo, но кога ќе се свртам назад на својот живот, токму тешките моменти, во кои сум била повpeдена и поради кои сум плачела на крај ме направиле посилна личност каква што сум денес. Без солзите никогаш не можеме да ја почувствуваме силата на среќата“, изјави Тамара.

„Proud“ е песна на мојот живот и секој ден ја живеам нејзината порака“, рече Тамара за крај.

ФОТО: Тамара Тодевска / Инстаграм
ФОТО: Тамара Тодевска / Инстаграм
ФОТО: Тамара Тодевска / Инстаграм
ФОТО: Тамара Тодевска / Инстаграм
ФОТО: Тамара Тодевска / Инстаграм

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button