Поубава од било кога Елена Ристеска прослави роденден- доби необичен подарок, а еве колку години наполни

Убавата Елена славеше роденден, па јавно им се заблагодари на другарките, а откри и колку години наполни.
Нашата поп пејачка Елена Ристеска вчера славеше роденден, а на социјалните мрежи сподели неколку фотографии од целата атмосфера и малата прослава која ја имаше со семејството и нејзините најдобри другарки.
Елена со статус на Инстаграм им се заблагодари на уникатниот подарок, но откри и дека наполнила 35 години, па во нејзин стил се пошегува дека можеби наредната година ќе и треба.
Насмеана, убава и шармантна Елена позираше заедно со своите другарки, но нагласи дека поради пандемијата не можела да направи поголема прослава.

„Пријателството е како цвет, колку повеќе го полеваш толку повеќе расте. И како што стареете, кругот на пријатели станува сè помал. Но, тоа е доволно за мене.
Моите пријателки на овие фотографии го направија мојот роденден хармоничен ден на суши, јадејќи посна торта поради мојот велигденски пост, и ми дадоа УБАВ подарок, грамофон на кој конечно ќе можам да слушам грамофонски плочи и конечно даја слушам мојата плоча „Доста“ .

Не се сите мои пријатели на овие фотографии, но и јас ги сакам и нив. Не беше можно да се направи поголема забава, заради ситуацијата со Ковид.

Ви благодарам на СИТЕ за роденденските желби, и иако се обидов не можев да одговорам на стотиците пораки што ги добив денес. Секој единствен збор и тој што си го потрошил време да ми го напише, ми значи најмногу на светот. Денес имам 35 години и сè уште не ми треба ботокс, можеби веќе следната. Ве сакам“ напиша Елена на Инстаграм.
На Инстаграм истотака роденден на Елена и честитеше и Каролина Гочева објавувајќи фотографија на која Каролина ја бакнува Елена, а истото го направи и Весна Петрушевска- Бејби, а и многу други нејзини колеги и пријатели.

Опкружена со своите пријателки таа имаше и интересна виолетова торта со пеперутки, баш во духот на пролетта и јорговани, за кои во претходната објава откри дека се нејзините омилени цвеќиња.

Иако веќе сите знаеме дека Елена има неверојатен талент за пеење кој досега го докажала безброј пати, таа својата кариера ја пренасочи во еден сосема поинакво правец.

Минатата година лансираше парфем со свој потпис, а сега има нова колекција на гелови за туширање кои ги промовираше на Инстаграм со црно-бели фотографии.


