Ќе се воодушевите- Јелена од Драчево го покажа синчето, фотографијата ќе ви го разубави денот

Позитивна, откачена и секогаш насмеана.

За Јелена Јованова нема потреба од најава и вовед, доволно е само да кажеме Јелена од Драчево и веќе сите знаат за кого станува збор.
Јелена не сака да споделува многу приватни фотографии, посебно не од нејзиниот син, но сега направи исклучок и покажа колку пораснал.
Седнат на кебенце покрај прозорец, но свртен со грб, Јелена покажа дека Јаков веќе е големо момченце.
Таа во јуни 2020 година се породи и на свет го донесе наследникот кој го носи името Јаков. Тој наскоро ќе полни една година, но неговите родители не споделуваат многу негови фотографии на социјалните мрежи.

Инаку, Јелена во последно време е поприлично активна и на Инстаграм, од фотографиите можеме да видиме дека популарната актерка за многу брзо време по породувањето повторно е во топ форма.

Нашата публика ја обожава посебно заради нејзината генијална улога на рецепционерката Јелена од Драчево во хит серијата „Преспав“, додека со улогата на Марина Франиќ во хрватската серија „Тајни“ таа стана позната и на целиот Балкан.

Таа за време на снимањето на оваа серија се запозна со својот сопруг, хрватскиот актер Стјепан Периќ, со кого и се омажи во ноември 2015 година, а порталот Вистина деновиве се потсети и сподели досега невидени фотографии од најубавиот и највеселиот ден во нејзиниот живот.

На снимањето на серијата „Тајни“ ќе се запознае со хрватскиот актер Стјепан Периќ со кого ќе заплови во брачните води.
Првите фотографии од свадбата Јелена ги објави две години по свеченоста кога за прв пат покажа како изгледаше во венчаницата во полн сјај. Како што можете да видите, убавата актерка избра да носи креација која е тесна во горниот дел, со 3/4 ракави, со големи, волуменизирани карнери во долниот дел кој е со асиметричен крој. Она што секако е за пофалба е тоа што Јелена избра да носи фустан со потписот на една од нашите најдобри дизајнерки, Тања Кокев, а имаше и пократка варијанта со кој ги истакне нозете.

Актерката живее во Хрватска во Загреб заедно со својот сопруг и колега Стјепан Периќ и нивниот син Јаков, па беше сведок на страшниот и разорен земјотрес кој ја погоди земјата пред неколку месеци, п на Инстаграм откри дека тоа за нив било страшно искуство.

„Живи и здрави сме. Психички се оштетив ми се чини за цел живот Тресеше како да нема крај и како да нема утре. Не можам на сите да им пишам посебно, неизмерно благодарам за вашата грижа“ напиша таа и додаде:„Страшно и жално за оние кои останаа без своите најмили и без кров на главата“, објави Јелена на Фејсбук.
Подоцна на социјалните таа упатуваше неколку апели за помош на семсјства кои што останаа без покрив на главата, а нудеше и смештај во нејзиниот дом за оние кои немаа каде да се сместат.



