Елена Манојловски е една од најубавите водителки во Македонија, но МАЛКУМИНА го знаат овој детаљ од нејзиниот живот
Иако важи за една од најатрактивните водителки во Македонија, за нејзиниот приватен живот се знае многу малку.
Убавата водителка на временската прогноза на Телма, Елена Манојловски во главно многу ретко заборува за нејзиниот приватен живот, па најверојатно затоа и малкумина знаат дека таа има сестра. И што е уште поинтересно – и нејзината сестра е познато телевизиско лице.
Имено, многумина се изненадени кога ќе дознаат дека Елена има сестра која исто така е водителка. Во прашање е шармантната русокоса Александра Бела која што ја води емисијата „Алфа скоп“ на телевизија Алфа.
Тие во моментов се едни од најактуелните личности во земјава. И двете пленат со својата убавина, глас и изглед.
Тие се убави, згодни, шармантни и слични на прв поглед, а сепак толку различни.
Едната е бринета, а другата русокоса
За разлика од Александра која води емисија која третира гости од различни професии и области, нејзината сестра е презентерка на временската прогноза на телевизија Телма. И без разлика каква информација ќе сподели за времето, Елена со својот шарм го привлекува вниманието на нашите гледачи, па за многу кратко време стана и една од најпознатите презентерки во нашата држава.
Таа е горда мајка и што значи за неа семејството можеме да видиме и од нејзините фотографии што ги објавува на Инстаграм, каде редовно ќе „заврши“ и по некоја фотографија на која е и со својата наследничка.
Елена на својот профил на социјалните мрежи одвреме-навреме ќе објави фотографија и од својата посилна половина, со кого изгледаат како прекрасен заљубен пар.
Фото: Инстаграм/ Елена Манојловски
Фото: Фејсбук/ Александра Бела
Фото: Инстаграм/ Елена Манојловски
Фото: Фејсбук/ Александра Бела
Фото: Инстаграм/ Елена Манојловски
Фото: Фејсбук/ Александра Бела
Фото: Фејсбук/ Александра Бела
Фото: Инстаграм/ Елена Манојловски
Фото: Инстаграм/ Елена Манојловски
Фото: Инстаграм/ Елена Манојловски
Фото: Инстаграм/ Елена Манојловски