Реклама
Наши ѕвезди

Нема да ви се верува како сега изгледа животот на Македонците во АВСТРАЛИЈА: Не, оваа луда забава не е од пред короната!

Реклама

За разлика од кај нас, во Австралија ситуацијата со вирусот корона е значително поразлична.

Фото: Инстаграм/ Татјана Лазаревска

Како што можеме да видиме од видеата што ги објавуваат нашите иселеници на социјалните мрежи, во оваа прекуокеанска земја можат да се организираат журки и прослави, децата слободно да се играат на игралиштата, можат да се прават и свадби, а семејствата веќе некое време слободно можат да уживаат во сонцето и плажите.

Тоа впрочем можеме да го видиме и од објавите што деновиве ги сподели и нашата позната фолк пејачка Татјана Лазаревска на социјалните мрежи. Имено, таа беше на една роденденска прослава на своја пријателка, каде се пееја македонски песни, а луѓето цело време играа и уживаа во веселата атмосфера. Впрочем слично видео видовме и пред неколку дена, кога на една македонска свадба дојдоа полицајци, заради прегласната музика, но наместо да ги опоменат тие заедно со свадбарите се фатија на орото и ги воодушевија сите.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Татјана Лазаревска

Нови рестриктивни мерки

Инаку, пред само два дена повеќе од 2 мило луѓе во Западна Австралија најголемата сојузна држава, се соочија со тридневни строги мерки по појавата на едно жариште на Ковид 19 во хотелскиот карантин што допринесе вирусот да се пренесе и на локалната заедница.

Маркетинг

Ројтерс објави дека за време на третото заклучување на Западна Австралија, од луѓето што живеат во главниот град Перта и соседниот регион Пил се очекува да останат дома, освен кога треба да одат н работа, заради медицински потреби или заради основни потреби од намирници.

Најновото заклучување беше наложено откако патник кој се врати во земјата и кој имал негативен тест по напуштањето на карантинскиот хотел во Перта, подоцна излегол позитивен на Ковид 19, а властите се сомневаат дека се заразил додека престојувал во хотелот.

Премиерот на западна Австралија Марк Макгоуан изјави дека немало нови преноси на заедницата од појавата на новото жариште, иако истражувањето и испитувањето на контактите се уште е во тек. Тој ја замоли националната влада за помош и побара да се формираат нови карантински институции што ќе одговараат на условите.

Фото: Инстаграм/ Татјана Лазаревска

Инаку, власта во Австралија ги завори границите пред повеќе од година дена и сите патници кои се враќаат, освен од Нов Зеланд, на свој трошок мора да поминат две недели во задолжителен хотелски карантин.

Фото: Инстаграм/ Татјана Лазаревска

Што се однесува до карантинот и ригорозните мерки за заштита од вирусот, во останатиот дел од Австралија периодов беа олеснети рестрикциите. Дозволени се свадби и забави на кои можат да присуствуваат до 300 лица, а до 30 лица можат истовремено да танцуваат на подиумот.

Фото: Инстаграм/ Татјана Лазаревска

Во продолжение погледнете како беше на забавата на која што гостите ги забавуваше Татјана.

Фото: Инстаграм/ Татјана Лазаревска

Па, да се надеваме дека наскоро ќе попуштат рестриктивните мерки и кај нас, дека бројките ќе се подобрат и дека и ние ќе можеме да се вратиме во нормала и вака да се забавуваме.

Фото: Инстаграм/ Татјана Лазаревска

Фото: Инстаграм/ Татјана Лазаревска

Фото: Инстаграм/ Татјана Лазаревска

Фото: Инстаграм/ Татјана Лазаревска

Фото: Инстаграм/ Татјана Лазаревска

Фото: Инстаграм/ Татјана Лазаревска

Фото: Инстаграм/ Татјана Лазаревска

Фото: Инстаграм/ Татјана Лазаревска

Фото: Инстаграм/ Татјана Лазаревска

Фото: Инстаграм/ Татјана Лазаревска

Фото: Инстаграм/ Татјана Лазаревска

Фото: Инстаграм/ Татјана Лазаревска

Фото: Инстаграм/ Татјана Лазаревска

Фото: Инстаграм/ Татјана Лазаревска

Фото: Инстаграм/ Татјана Лазаревска

Фото: Инстаграм/ Татјана Лазаревска

Фото: Инстаграм/ Татјана Лазаревска

Фото: Инстаграм/ Татјана Лазаревска

Фото: Инстаграм/ Татјана Лазаревска

Фото: Инстаграм/ Татјана Лазаревска

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button