Без црнило, во шарени бои – ќерката на Балашевиќ објави „необична“ фотографија од нејзината мајка и ги изненади сите
„Не тагува таа, туку…“
Оливера Балашевиќ се прошета низ Нови Сад во прекрасно пролетно издание и ги воодушеви сите.
Поминаа нешто повеќе од два месеци, а регионот се уште тагува за легендарниот Панонски морнар кој замина на својата последна пловидба. Зад него останаа бројни песни, книги, спомени, цела една епоха на едно необично, но за многумина носталгично време во кое токму преку прекрасните стихови од незаборавните песни на Ѓорѓе Балашевиќ се враќаат како само оние најубавите, посебни спомени.
Најтешко им е на најблиските, па така само неговото семејство знае колку сила е потребно болката барем малку да се ублажи.
Но животот продолжува…
И во најтешките моменти секој мора повторно да застане на нозе и да продолжи, како за себе така и за другите.
Пред неколку дена, Оливера Балашевиќ, прв пат се појави во јавноста за да во името на семејството им го предаде вредниот подарок на Академијата на уметностите во Нови Сад. Фотографијата ја објави нејзината ќерка, а Оливера со ова покажа дека мора и знае како да ја победи болката.
„Не тагува ТАА, тоа само ветерот ја свири пролетната соната – кога не и е време“ напиша Лола во објавата со хаштаговите #jednajemajka i #lavitaebella i #planetadvoriste, како што е насловот на книгата на Оливера која токму овој месец го доживеа своето четврто издание.
Сопругата на Панонскиот морнар низ новосадските улици се прошета во фармерки, розово сако и кошула, а целото издание го зачини со шарена марама. Објавата на Лола ги воодушеви сите, па веднаш почнаа да пристигнуваат голем број комплименти на сметка на нејзината мајка.
Инаку, семејството на Ѓорѓе Балашевиќ пред само неколку дена на Академијата на уметностите им подари аудио-визуелна опрема вредна 30.000 евра. Звучници, миксета, плеери, се што беше користено во 2008 година за монтажа на филмот „Као рани мраз“, правен по мотивите од една од најпопуларните песни на Балашевиќ, „Приче о Васи Ладачком“, семејството го подари на оваа институција по повод 47-от роденден.
Да потсетиме, легендарниот кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ на 19 февруари го изгуби животот како последица од опакиот корона вирус. Тој претходно неколку дена беше во Инфективната клиника каде што се лечеше од тешко воспаление од кое му беа зафатени и двете белодробни крила.
Фото: Инстаграм/ Оливера Балашевиќ
Фото: Инстаграм/ Оливера Балашевиќ
Фото: Инстаграм/ Лола Балашевиќ
Фото: Инстаграм/ Оливера Балашевиќ
Фото: Инстаграм/ Оливера Балашевиќ
Фото: Инстаграм/ Оливера Балашевиќ