„Македонското девојче“ си ја отвори душата- еве како се чуствува најдобрата пејачка во земјава за време на пандемија

Девојката која години наназад плени со својот глас се чини дека се измори од пандемијата, па се огласи на социјалните мрежи.
Каролина Гочева или како што често ја нарекуваат „Македонското девојче“ како и сите останати ѕвезди во земјата е затекната од целава ситуација со коронавирусот, па ако некој најмногу беше погоден од пандемијата тоа беа пејачките.
Откажани настапи, концерти и свирки на кои се навикнат и со кои заработуваат се е ставено на „чекање“ а веќе сите се преоморија од тоа, па и Каролина.
Таа на Инстаграм објави црно-бела фотографија и со неколку зборови го објасни времево (невремето) во кое живееме.
-Денов, месецов, годинава … и постави емотинка која се прозева.

Не може а да не се согласиме со ваквата констатација, а следеа и многу реакции од нејзините колеги и фанови кои исто така се согласија со Каролина.
Сепак она што најмногу паѓа во очи е Каролина, која со фотографијата се обиде да изгледа уморна, но сепак изгледа преубаво.
„Прекрасна“,“ Најубава“, „Магична“ беа само дел од коментарите кои фановите ги оставаа под објавата.

Каролина е позната по својот уникатен стил, а неодамна покажа дека ги следи и трендовите.
Таа и покрај тоа што не е некој што постојано се фали со брендирана облека и што и да облече изгледа прекрасно. Но овој пат Каролина не изненади со модно парче кое е апсолутен хит во светот и кое воопшто не е евтино.
Имено, мини моделот што го носи нашата позната пејачка е од популарниот бренд Жакмус (le Chiquito, Jacquemus).

Каролина својот прв детски албум го издаде во 1992, а потоа следеа уште многу други. Двапати не претставуваше на Евровизија, нјчесто настапуваше и на многу домашни фестивали.

Како јавна личност таа не сака да зборува многу за приватниот живот и секогаш вели дека е доволно да се знаат основните работи.
Каролина е мажена за Михаил Корубин и двајцата се уметници. Малкумина знаат дека таа има сестра која е вистинска убавица исто како Каролина.

Каролина на својот профил на Инстаграм има неколку заеднички фотографии со неа, како и од внуките Луција и Инес, односно од нејзините ќерки, а Александра за разлика од Каролина работи како анестезиолог во битолската клиника.

Сепак се надеваме дека коронавирусот наскоро ќе биде ставен под контрола за повторно да уживаме на некој настап на Каролина.

