Ретко ја гледаме во вакво издание
Нашата позната фолк пејачка Сани Гроздановска важи за убава и негувана жена. Откако се појави на сцената таа ги мами воздишките и погледите на посилниот пол, а сега покажа како изгледа нејзиното лице без грам шминка.
Сани фотографијата ја објави во склоп на своите Инстаграм приказни и со истата ги собра симпатиите на фановите.
Таа често знае да ги изненади своите фанови и со „пикантни“ фотографии под кои секогаш добива голем број коментари и комплименти на сметка на својот феноменален женствен изглед. На фотографијата може да се види нејзиното чисто лице без брчки и со убав тен, а пејачката така изгледа и кога ќе се изгаснат светлата од рефлекторите и додека се опушта со својата мала наследничка.
Имено Сани покрај оваа фотографија на која се гледа и како ужива со својата помала ќеркичка.
Инаку, пејачката е мајка на две ќерки – постарата Афродита (12) ја доби од првиот брак, додека Ева има три години и целата е на мама.
Сани важи за една од најплатените и пејачки кај нас, а за нејзините настапи секогаш се бара карта повеќе.
Но како и сите останати нејзини колешки и колеги, и таа сега има многу помалку настапи заради пандемијата со вирусот корона, и одвај чека да заврши кризата за да и се врати на својата најголема љубов – музиката. До тогаш таа дури и си најде работа (погледнете во продолжение), а колку и недостига музиката, можеме да видиме и од нејзината нова тетоважа со која неодамна се пофали – виолински клуч со ружи, а на кој пишува среќа, љубов и независност.
Сани на своето ново работно место…
Фото: Инстаграм/ Сани Гроздановска
Фото: Инстаграм/ Сани Гроздановска
Фото: Инстаграм/ Сани Гроздановска
Фото: Инстаграм/ Сани Гроздановска
Фото: Инстаграм/ Сани Гроздановска
Фото: Инстаграм/ Сани Гроздановска
Фото: Инстаграм/ Сани Гроздановска
Фото: Инстаграм/ Сани Гроздановска
Фото: Инстаграм/ Сани Гроздановска
Фото: Инстаграм/ Сани Гроздановска
Фото: Инстаграм/ Сани Гроздановска
Фото: Инстаграм/ Сани Гроздановска
Фото: Инстаграм/ Сани Гроздановска
Фото: Инстаграм/ Сани Гроздановска
Фото: Инстаграм/ Сани Гроздановска
Фото: Инстаграм/ Сани Гроздановска