Момчето на Цеца се coблeчe, покажа со што располага и ги „зaпaли“ социјалните мрежи – жените гледаат и не трепкаат!
Жените се воодушевија од овие фотографии!
Богдан Срејовиќ е поранешен манекен кој дојде во центарот на вниманието откако се дозна дека е во врска со Цеца Ражнатовиќ.
Тој е осум години помлад од неа, но тоа очигледно не им пречи и веќе неколку месеци уживаат во нивната романтична врска.
Богдан е „градска фаца“ и многумина го познаваат како менаџер на познати ресторани во Белград. Тој во младоста бил манекен и тренирал кошарка, а неговиот татко е легендарниот српски атлетичар Милош Срејовиќ.
Богдан зад себе има еден неуспешен брак, а неговата поранешна сопруга Зорана Тасовац е во врска со колегата и пријателот на Цеца, Саша Ковачевиќ. Тој од овој брак ја има ќерката Искра со која ужива кога го минуваат времето заедно, што можеме да видиме и од неговите фотографии на социјалните мрежи. На многу од нив тој е со својата мала наследничка, а од социјалните мрежи можевме да видиме дека и Цеца одлично се согласува со неговата ќерка.
Инаку, Богдан одвреме-навреме знае да ги почести своите фанови и со по некоја пикантна фотографија.
Тој како поранешен манекен и денес редовно ја одржува својата форма, па изгледа како маж каков посакува секоја жена.
Како тој изгледа без маичка, само во костим за капење, погледнете во галеријата што следува во продолжение.
Инаку, Цеца и Богдан се запознале на роденденот на една заедничка пријателка и по некое време започнале да се гледаат.
Што се однесува до неговата поранешна сопруга, Богдан е во одличен однос со неа и функционираат одлично.
Тие денес дури и се дружат и понекогаш излегуваат заедно со нејзиното момче, а за тоа сведочат и фотографиите што Срејовиќ ги има објавено на Инстаграм на која се сите заедно со Саша во ресторанот.
Тие и двајцата се грижливи и посветени родители, но решија приказната да ја продолжат со различни партнери.
Тие иако стапиле во брак по голема љубов, набргу сфатиле дека едноставно не се еден за друг заради честите недоразбирања. А секојдневните расправии донеле до тоа да стават точка на бракот. Потоа и двајцата ќе тргнат по своите патишта, а ги спојуваше само грижата за нивната ќеркичка.
Фото: Инстаграм/ Богдан Срејовиќ
Фото: Инстаграм/ Богдан Срејовиќ
Фото: Инстаграм/ Богдан Срејовиќ
Фото: Инстаграм/ Богдан Срејовиќ
Фото: Инстаграм/ Богдан Срејовиќ
Фото: Инстаграм/ Богдан Срејовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Богдан Срејовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ