Нејзината прегратка во тој момент ми значеше многу, таа е голем човек – Кнежевиќ откри што се случувало зад сцената во Гранд
Натпреварувачката што беше исфрлена од „Ѕвездите на Гранд“ ја имаше нејзината поддршка
Младата пејачка Вања Кнежевиќ со денови беше во сите медиуми откако беше дисквалификувана од популарното музичко шоу „Ѕвездите на „Гранд“
Но таа дури деновиве откри што се случи зад камерите кога настана целата драма во една од најгледаните емисии.
Таа доби голема поддршка од Марија Шерифовиќ, која и беше ментор, а наводно и само таа и’ се приближила на крајот од емисијата.
„Прегратката на Марија во тој момент ми значеше најмногу бидејќи таа е голем човек. И по натпреварот ме поддржуваше. Кога сé се заврши, дојде зад сцената, бидејќи доволно ме познаваше пред целиот инцидент. Сплетот од емоции беше голем“, изјави Вања и го додаде и следново:
„Зборуваше со мене зад сцената, ме охрабруваше и ми зборуваше како најдобро да се подготвам за бараж. Се слушнавме по дисквалификацијата, но после тоа повеќе не сме биле во контакт“, откри младата пејачка.
Инаку Вања откако излезе од Гранд доби понуда која што не можеше да ја одбие и тоа од Светлана Цеца Ражнатовиќ. Имено, таа сега својата нова песна ја работи со Дамир Хандановиќ во студиото на Цеца.
Цеца и ја иницираше оваа идеја, бидејќи смета дека Вања е талентирана и од неа сака да направи ѕвезда.
Инаку, по дисквалификација на Вања, уште двајца натпреварувачи одлучија да го напуштат натпреварот.
Махир Мулалиќ кој беше еден од фаворитите, реши да го напушти шоуто заради семејна трагедија.
Имено, тој остана без својата мајка и немаше сила да продолжи со натпреварот, а Марија имаше разбирање за неговата одлука.
Покрај Махир, неколку дена подоцна и учесничката Стела Раде објави дека се повлекува од Ѕвездите на Гранд.
„Не ми одговара концептот“
„Се откажувам од Ѕвездите на Гранд, Немам ништо против продукцијата, дури ми беше и убаво, уживав, тоа беше едно убаво искуство за мене. Многу научив и се освестив, но исто така се освестив и дека тоа не мојот пат“, раскажа таа на својот јутјуб канал и ги изненади сите.
„Сакам сé сама да работам. Не мисла дека ова во Гранд е лош пат, многу луѓе така постигнаа успех, но тоа не е мојот пат. Сакам сама да ги правам моите прсни. Приоритетите ми се променија. Сакам да создавам музика која на мене ми се допаѓа и затоа мислам дека Гранд не е за мене“.
„Таму едноставно не можам да бидам она што сум“ откри Стела.
„Тој концепт не ми одговара. Многу поголема трема имам во Ѕвездите на Гранд, отколку на настапите. Таму не можам да го дадам својот максимум, не можам да дојдам до израз“, вели пејачката во своето обраќање.
Фото: Инстаграм/ Стела Раде
Фото: Инстаграм/ Стела Раде
Фото: Инстаграм/ Стела Раде
Фото: Инстаграм/ Стела Раде
Фото: Инстаграм/ Стела Раде
Фото: Инстаграм/ Стела Раде
Фото: Инстаграм/ Стела Раде