Пејачката е многу приврзана со децата на својата сестра
Сестрата на Цеца Ражнатовиќ, Лидија Оцокољиќ, го прослави роденденот на своите близнаци Петар и Илија.
Цеца која е многу поврзана со својата сестра, но и со нејзините деца, им го честиташе роденденот и преку Инстаграм.
Дечиња, среќен ви роденден, напиша таа под фотографијата на која се гледа како ужива со нив двајцата.
Нејзината сестра, Лидија, се породи во 2013 година кога Цеца стана тетка на нејзините две момчиња.
„Јас сум најсреќната тетка на светот. Се родија Илија и Петар. Господе Боже, ти благодарам“, напиша таа тогаш на Твитер.
Инаку, Лидија има и една поголема ќерка која пред само неколку дена го прослави својот 16 роденден.
Познатата фолк-пејачка и тогаш ја објави својата честитка на социјалните мрежи, а претходно ја однесе славеничката кај своите соработници да и направат шминка и фризура. Таа потоа сподели и неколку фотографии и едно видео од малата Хелена и покажа колку ја сака.
„Убава моја Хелена, среќен ти роденден. Те сака тетка“, напиша Ражнатовиќ во описот на фотографијата.
Како изгледа нејзината внука, погледнете во продолжение:
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ