Прослава во семејството, Цеца објави прекрасни вести на Инстаграм – погледнете во каква убавица порасна нејзината внука
Пејачката сподели емотивна порака
Семејството на Цеца Ражнатовиќ и на нејзината сестра Лидија Оцокољиќ имаа причина за славење.
Имено, на Хелена Оцокољиќ, внуката на Цеца од нејзината сестра, вчера и беше роденден.
Познато е дека Цеца и нејзините сестра Лидија се неразделни, а со неа се многу блиски и Вељко и Анастасија.
Ќерката на сестрата на Цеца вчера наполни 16 години, а пејачката ја однесе кај своите соработници за шминка и фризура.
Пејачката потоа сподели и неколку фотографии и едно видео од малата Хелена и покажа колку ја сака.
„Убава моја Хелена, среќен ти роденден. Те сака тетка“, напиша Ражнатовиќ во описот на фотографијата.
Како изгледа нејзината внука, погледнете во продолжение:
Инаку, Лидија Величковиќ Оцокољиќ и нејзиниот сопруг Предраг, поранешен фудбалер, се во брак 16 години.
Покрај Хелена, тие имаат уште три деца – синот Виктор и близнаците Илија и Петар.
Нивната мајка Лидија и покрај тоа што има родено четири деца и е во години, се уште изгледа како манекенка.
Познато е дека Лидија е мошне блиска со својата сестра Цеца, но и со нејзините деца, Вељко и Анастасија, кои никогаш не криеле колку важно место во нивните животи зазема нивната сакана тетка со која со години заедно живееја.
Вељко дури и го има истетовирано нејзиното име, а Цеца повеќе пати истакнала колку и значи нејзината поддршка.
Вељко во една пригода дури и ја снимаше кришум својата тетка, а потоа го сподели видеото со коментар:
„Вака изгледа жена од 43 години.“
Погледнете како изгледа и сестрата на Цеца:
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ