Погледнете како денес изгледа мајка му на Александар Јосифовски, МАКЕДОНЕЦОТ што ја освои Карлеуша во Ѕвездите на Гранд
Македонскиот пејач на големо ја освојува српската, но и баланската естрада.
Со учеството во најпопуларното музичко шоу во регионов „Ѕвездите на Гранд“, охриѓанецот Александар се стекна со огромна популарност. Уште со првиот настап на шоуто тој предизвика бура реакции кај жирито, но и кајпубликата. Со својот специфичен, уникатен изглед Александар се одвои од останатите и веднаш доби своја публика и фанови.
Дефинитивно е еден од фаворитите, а многумина му предивидуваат блескава кариера.
Одлично изгледа, има неверојатен глас и може да застане рамо до рамо о светски рок ѕвезди. Тој е нашата гордост, претставник каков ѝ беше потребен на Македонија, и сите со нетрпение го очекуваме секој негов настап.
Тој во првиот круг се претстави во песните „Једина“ од Владо Георгиев и „Угаси ме“ од Парни Ваљак.
Веднаш кога започнаа да пее жирито меѓу себе си коментираше дека тоа има убава боја на гласот и дека потсетува на Владо Георгиев.
Негов ментор во шоуто е Ѓорше Давид, кој веднаш порача дека Александар е токму кандидатот кој му недостасувал.
„Ти ми требаш во овој вид на натпреварување и мора да го оправдаме образот “ истакна Ѓорѓе.
Во една од емисиите тој се најде во дуел со Тарик Јашар од Сараево. Јосифовски се претстави со песните „Обрати пежања“ и „Тешке боје“.
Македонецот ги освои сите пет гласа и помина директно во следниот круг.
„ Би било неправедно да добиете еднаков број на гласови. Разликата е очигледна и ми е чудно што Тарик има и 4 гласа. Но, изгледаш како да слеговте од некоја убава, детска бајка, на оваа сцена каде сè не е само бајка. Песните ти беа ниски. Кандидат број два, супер, верувам во тоа што го пееш, оди напред“, искоментира Марија.
Карлеуша пак, успеа да ја расплаче дури и неговата тетка со својот коментар.
„Тетке, ти можеш заедно со Александар да си одиш во Македонија, Шведска, Охрид каде и да сакате, што се однесува до мене тој не мора да се натпреварува. Овој дечко треба со закон да се заштити“, изјави Јелена.
„Ти си толку оригинален Александре, се согласувам дека си за финале“, изјави Вики.
Босанац и Снежена го критикуваа македонскиот кандидат што често поместувал микрофонот додека пеел, а со нив и се сложи неговиот ментор кој откри на што го принудил.
„Овде не можеш тезгарошки. Имаш убав глас, а тоа што го правиш на сцена е ужасно“, го искара Ѓорѓе. Од круг во круг, од настап во настап Александар е сѐ подобар.
Од жирито секогаш добива одлични коментари. Најголема поддршка од нив е Јелена Карлеуша која секогаш има комплименти за него
„Вака треба да се борите во „Ѕвездите на Гранд“. Ќе бидам нефер ако барам ситни грешки како другите во жирито. Ти ќе бидеш голема ѕвезда“, изјави Карлеуша, која беше презадоволна од Александар, па стана и му пружи рака. Нешто што досега не се случило во шоуто.
Зад камерите како поддршка постојано се неговата мајка и сопругата. Мора да се признае дека и двете изгледаат неверојатно, но негоата мајка го привлече вниманието дури и на жирито кое о една емисија ја повика на сцена.
Мајката на Александар е исто така пејачка, за која како што вели му е пред сѐ најдобар пријател и го мотивира за секој следен настап.
Елизабета Неданоска-Јосифовска е пејачка која уште во 1996 година со песната насловена како „Ем го мразам, ем посакувам“ со која настапи на фестивалот Тримери во Струмица ја освои македонската публика.
Александар откри дека пред да се се пријави во музичкиот натпревар, тој и дал ултиматум на неговата мајка. Имено, таа имала голема желба нејзиниот син да се пријави во шоуто, но тој и ветил дека ќе го стори тоа но само ако таа и се врати на музиката и сними нов музички материјал.
Елизабета веќе неколку години живее во Австралија, но вели дека наскоро ќе се врати во Македонија за да го исполни ветувањето што му го дала на синот.
Елизабета изгледа неверојатно за своја возраст. За неа дефинитивно времето запрело, а на нејзиниот изглед можат да позавидат и помладите девојки.
Активна е на социјалните мрежи каде споделува свои фотографии во провокативно издание.