Наши ѕвезди

Ѝ недостасува Македонија и покрај тоа што ГО ЖИВЕЕ СВОЈОТ СОН во Сан Франциско – убавата скопјанка ужива во лускуз

Advertisement

Живее живот на висока нога и има прекрасен дом и семејство – живот на кој секој може да позавиди.

ФОТО: Ребека Ле Мон / Инстаграм

Ребека Наумоска, сега веќе Ле Мон е 28 годишна скопјанка која живее во Сан Франциско, Калифорнија, а актуелна стана објавувајќи фотографии на Инстаграм. Како што самата вели, моменталната професија ѝ е мајка и домаќинка.

Advertisement

Ребека живее надвор од Македонија од 2006-тата година. Тогаш се преселила во Германија заедно со мајка ѝ, која се премажила таму. Во Германија Ребека завршила основно, средно и факултет, а во САД живее од крајот на 2018-тата година.

ФОТО: Ребека Ле Мон / Инстаграм

Отекогаш имала желба да биде убаво облечена и токму затоа се трудела да заработи свои пари со кои може да си купи убава, но и брендирана гардероба.

На 26 години ги запознала својот сопруг Марк и тоа преку Инстаграм. После 8 месеци допишување се сретнале во Франкфурт.

Advertisement

Иако меѓу нив има 23 години разлика, тоа не ги спречува да уживаат максимално во својата љубов.

ФОТО: Ребека Ле Мон / Инстаграм

На нивното патување во Париз на Денот на благодарноста тој сосема неочекувано ја запросил Репека и оттогаш се неразделни.

Во јануари 2019 година се вечале на плажа во Флорида. Медениот месец го поминале во Пуерто Рико.

„Свадбата на плажа ми беше сон уште од 2004-тата година кога ја гледав теленовелата „Руби“ и кога ја видов свадбата на Руби и Хектор на плажата во Канкун. Оригинално нашата свадба требаше да биде во Канкун, но во тој период времето беше многу лошо во Канкун и затоа се одлучивме за Флорида“, изјави убавата Ребека која за себе вели дека е една од најсреќните жени во светот.

ФОТО: Ребека Ле Мон / Инстаграм

Во Сан Франциско таа и Марк се преселиле во 2018 година, но на Ребека тоа воопшто не ѝ претставувало проблем. Според неа каде ти е срцето, таму ти е домот. На 12 години се преселила во Германија и успеала да се снајде во новата средина. Ова ѝ било уште полесно.

ФОТО: Ребека Ле Мон / Инстаграм

Најмногу ужива во синото небо над градот, океанот и неверојатните песочни плажи.

Светот сѐ уште го тресе панемијата Ковид 19. Ребека вели дека во градот во кој таа ситуацијата е подобрена.
„Моментално навистина подобра. Луѓето навистина ги почитуваат правилата . Иако може да се седне во ресторан сите ја земаат храната за носење. Во супер маркет не може повеќе од 30 луѓе. Маските се секаде задолжителни. Никој не ти се приближува. Повеќе би рекла дека секој бега од тебе. Онакво бегање како да секој има неизлечлива, пренослива болест“, изјави Ребека во интервју за Гламур.

ФОТО: Ребека Ле Мон / Инстаграм

Убавата инфлуенсерка во интервјуто откри што најмногу ѝ недостасува во ова време на пандемија.

„Ми недостига семејството во Македонија и Германија. Ми недостасува татко ми, кој сѐ уште живее таму и секако роднините.“, вели Ребека.

Иако пандемијата за многумина донесе многу тажни и разочарувачки моменти, за Ребека минатата година беше исклучително среќна.

Активна е на Инстаграм, каде преку својот профил го споделува своето секојдневие од животот како сопруга и мајка. Во време на пандемија, ја мина првата бременост и го роди синчето Макси.

ФОТО: Ребека Ле Мон / Инстаграм

Таа откри и како се одлучиле за ова име. „Уште во Париз 2018-та кога Марк ме побара за жена. Неговиот прекар бил Макс, моето омилено име беше Максимилиан, а Лука, сакавме да се иницијалите МЛЛМ Максимилиан Лука Ле Мон, а воедно сакав да му дадеме и име кое го има во библијата“, кажа Ле Мон.

Она што е интересно за многумина е тоа дека и покрај големиот луксуз во кој живее, таа сепак е одлична домаќинка и умее да се грижи за својот дом.

ФОТО: Ребека Ле Мон / Инстаграм

Откако е мајка нејзиниот живот е доста променет, но сепак наоѓа време да ужива и во работите кои на неа ѝ се допаѓаат“.

„Мојот ден сега (откако го родив Макси) започнува многу поинаку од пред да бидам мајка. Последно нешто што правам во утрото е кафето. Прво го средувам Макси (го бањам, ги местам креветите, пуштам машини, диплам, стерилизирам шишиња), потоа го чистам домот со правосмукалка, џогер, проветрувам, бришам прашина (секој ден). Откако ќе го направам се ова, му давам млеко на Макси. После неговиот оброк го пијам кафето.

ФОТО: Ребека Ле Мон / Инстаграм

Ме промени навистина многу. Сега сум посилна. Сигурна сум во себе. Се чувствувам како да можам се да направам. Горда сум на себе што имам ваква улога. Горда сум што се снаоѓам комплетно сама. Горда сум што умеам да се грижам за него без помош. Убаво ми е што е тој задоволен, насмеан. Тоа ми е како награда за трудот и силата што ги вложувам секој ден“, кажа Ребека.

ФОТО: Ребека Ле Мон / Инстаграм

Таа умее да се радува на малите работи, токму тоа ја прави успешна и ја носи до изобилство.

Најмногу ужива во прегратките на Макси кој сега е на возраст кога знае да возрати на љубовта која му се пружа.
Ја радуваат мали работи, работи кои ги гледаме секојдневно, како сончевото време, учтивите луѓе, среќна е кога некој ќе ѝ посака убав ден.

ФОТО: Ребека Ле Мон / Инстаграм

Ребека навистина живее живот каков секој посакува, а на социјалните мрежи често споделува фотографии од нејзината приватност.
Погледете и уживајте:

ФОТО: Ребека Ле Мон / Инстаграм
ФОТО: Ребека Ле Мон / Инстаграм
ФОТО: Ребека Ле Мон / Инстаграм
ФОТО: Ребека Ле Мон / Инстаграм
ФОТО: Ребека Ле Мон / Инстаграм
ФОТО: Ребека Ле Мон / Инстаграм
ФОТО: Ребека Ле Мон / Инстаграм
ФОТО: Ребека Ле Мон / Инстаграм
ФОТО: Ребека Ле Мон / Инстаграм
ФОТО: Ребека Ле Мон / Инстаграм
ФОТО: Ребека Ле Мон / Инстаграм
ФОТО: Ребека Ле Мон / Инстаграм
ФОТО: Ребека Ле Мон / Инстаграм
ФОТО: Ребека Ле Мон / Инстаграм
ФОТО: Ребека Ле Мон / Инстаграм
ФОТО: Ребека Ле Мон / Инстаграм

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button