Сестрите Родиќ со нови пpoвoкативни фотографии направија хаос на Инстаграм – бремената Бојана ги воодушеви сите
Сите три изгледаат прекрасно
Сестрите Родиќ се повеќе го привлекуваат вниманието на јавноста, па се почесто ги полнат и страните на медиумите.
Тие се прославија откако Богдана се омажи со синот на Цеца Ражнатовиќ, Вељко, додека Бојана пак е во врска со синот на Гоца Божиновска. Таа е во блажена состојба и со синот на пејачката, Марко Шијан очекува бебе, со што интересот за сестрите дополнително порасна.
Третата сестра се вика Наташа.
Тие сите три позираа во издание во какво досега ги немаме видено, а како изгледаат можете да видите во продолжение.
Богдана за оваа пригода носеше виолетов, кус фустан додека најстарата сестра Наташа избра фустан во жолта нијанса.
Бремената Бојана пак позираше во дол фустан во зелена боја и со отвори што се шират до самата половина.
Многумина го забележаа длабокото деколте на убавата трудница, како и тоа дека веќе и се познава стомакот.
Потоа сите три од елегантните фустани се појавија во уше едно, малку поразлично и поопушено издание.
Тие на фотографиите блескаа како никогаш досега, па не е ни чудо што добија голем број комплименти од нивните бројни фанови на социјалните мрежи.
Фотографиите ги објави Бојана на својот профил на Инстаграм, а фановите се огласуваат дека не знаат која е поубава.
Како тие згледаат, погледнете и од фотографиите во продолжение…
Фото: Инстаграм/ Наташа, Богдана, Бојана