Ќерката на Јелена Карлеуша изненади со фотографиите од Дубаи – „гори“ Инстаграм, малата Атина изгледа како копија на мама
Ќерката на Јелена Карлеуша, Атина Тошиќ, освојува со своите објави на социјалните мрежи
Пејачката Јелена Карлеуша деновиве ги спакува куферите и со ќерките Атина и Ника Тошиќ замина во Дубаи.
Постарата наследничка на Карлеуша, Атина, е многу поактивна на социјалните мрежи од нејзината сестра Ника.
Таа во регионот веќе важи за една од најпопуларните меѓу децата на познатите личности кои немаат ни 18 години.
Со една од своите последни објави таа го привлече вниманието на своите фанови, а за тоа сведочат бројните прегледи на истите на нејзините профили.
Имено, нејзините видеа од Дубаи што ги објави на „ТикТок“ за само неколку часа има речиси 200.000 прегледи.
Од друга страна и нејзините фотографии на Инстаграм се вистински хит – една од последните за неполн ден имаше повеќе од 25.000 лајкови.
„Прекрасна си“, „Воодушевена сум од тоа како се облекуваш, секоја чест на твојата мајка“, пишува во коментарите.
Погледнете ги и останатите фотографии:
Инаку, ќерките на Јелена Карлеша неодамна поминаа низ вистински пeкoл откако многумина ги нападнаа со нeдoлични и стpaшни коментари, навpeди и зaкaни, по дисквалификацијата на натпреварувачката, Вања Кнежевиќ, во „Ѕвездите на Гранд“. Популарната дива од тие причини реши да поднесе кривична пријава против кандидатката, а целиот случај ја разбранува јавноста и за него се уште се зборува.
Фото: Инстаграм/ Атина Тошиќ
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Атина Тошиќ