Наши ѕвезди

Се витка како гума: Ќерката на Велија Рамковски има тело какво секој посакува – РЕМЕК ДЕЛО

Advertisement

Некогаш лесно им подлегнувала на неуспесите, лесно се откажувала, но одлучила целосно да го промени својот начин на живот.

Advertisement

Една од „главите“ на некогашната А1 телевизија беше и Лејла Рамковска, ќерка на сопственикот Велија Рамковски. Таа по затварањето на телевизијата се посвети на сосема поинаква професија со која се занимава и ден денес.
Лејла Рамковска е една од најпознатите инструктори по Аштанга јога во Македонија.

Вистински начин да пробате да го смирите духот на своето тело е да почнете да практикувате јога.

ФОТО: Лејла Рамковски / Фејсбук

Скромна, смирена, не многу зборлеста, Лејла не сака да се експонира во јавноста, единствено ја промовира својата професија.

Advertisement

Речиси 10 години беше во брак во бизнисменот Сефер Цановски со кој има и две деца. Но, на нејзиното тело може да позавидат многу девојки.

Сефер и Лејла иако се разделени, сепак се во добри односи.

ФОТО: Лејла Рамковски / Фејсбук

– Љубовта со Лејла згасна пред неколку години. Се трудевме да ја спасиме на многу можни начини, но не успеавме. Лани одлучивме да се разделиме. Сфативме дека е најдобрата опција за нас двајцата да продолжиме со животот и да ја фокусираме целата наша енергија на нашите деца. Драго ми е што успеавме да останеме пријатели. Со Лејла и со фамилија Рамковски сум во скоро секојдневна комуникација и имаме голема меѓусебна почит. Имаме две прекрасни деца и заедничка обврска према нив – раскажа Цаноски во едно свое интервју.

ФОТО: Лејла Рамковски / Фејсбук

Тој и Лејла се инаку кумови на популарната пејачка Тамара Тодевска и нејзиниот сопруг Александар Димитриовски-Мачка.

ФОТО: Лејла Рамковски / Фејсбук

Лејла тргна по својот пат и доста напредуваше во професијата која за неа живот начин. Токму јогата ја има извлечено во најтешките моменти.

За неа јогата прво претставува мир, потоа љубов и сочувство кон себеси.

Јогата ни дава виталност и енергија, поголема сила, стекнување флексибилност што значи младост, тонирани мускули, а ни обезбедува и заштита од повреди. И тоа се само дел од бенефитите од вежбањето.

ФОТО: Лејла Рамковски / Фејсбук

– Како јога инструктор јас, а верувам и сите останати ни е јасно дека никогаш не престануваме да учиме во животот. Се чувствувам како да сум се уште на почеток меѓутоа уживам во секој стадиум и постојано учам нешто ново.

Инаку временски, јогата, на почеток само како физичка пракса, а сега многу пошироко, во животот ми е присутна веќе четири години., изјави Лејла за Гламур.

ФОТО: Лејла Рамковски / Фејсбук

Со јога започнала пред неколку години. До нејзината 30-та година никогаш претходно не вежбала, но забележала дека нема ниту сила ниту пак е флексибилна. Почнала со едноставни движења и пози, а до овој стадиум до кој е сега дошла полека со текот на времето.

Упорноста и постојаноста за неа се клучни во ова работа.

ФОТО: Лејла Рамковски / Фејсбук

Вежбањето е поврзано и со здравиот начин на исхрана. Затоа Лејла денот го започнува со утринско кафе со реиши, лажица џем од црно гоџи за енергија, пие многу вода, не јаде пред 11.30 часот, а последен оброк ѝ е до 20 часот. Внесува суплементи по препорака на нутриционист.

ФОТО: Лејла Рамковски / Фејсбук

Таа е одговорна и грижлива мајка, која целото свое внимание го посветува на децата.

Вели синот Каан засега има интерес само за фудбалот, а ќерката Каја покажува интерес за јогата.

На нејзиниот Инстаграм профил има преубави фотографии од кои можеме да видиме како ги прави најтешките јога вежби и разни пози кои повеќето од нас не можат ни на сон да ги направат.

ФОТО: Лејла Рамковски / Фејсбук

„Никој нема да дојде да ве спаси. Вашиот живот е 100% ваша одговорност“, напиша таа под една фотографија.

Македонската алпинистка Илина Арсова објави на Инстаграм сподели фотографија додека вежба во домашни услови и откри дека веќе 2 месеци вежба со Лејла, која многу ѝ помогнала да ги победи болките во одреден дел од телото.

ФОТО: Лејла Рамковски / Фејсбук

– Веќе два месеци вежбам со Лејла Рамковска. Претходно задната ложа ми беше пре пре напната и целата бев крута.
Сега, со секор ново вежбање чувствувам како да се опушта, напиша Илина Арсова.

Лејлја е доста активна на социјалните мрежи, каде ја гледаме во најразлични пози, кои можат да се постигнат само со напорно вежбање.

Обично е во удобна спортска облека додека вежба, па најчесто носи тренерки или хеланки, но не ретко знае да ги почести своите фанови и со фотографии на кои вежба во костими за капење.

ФОТО: Лејла Рамковски / Фејсбук
ФОТО: Лејла Рамковски / Фејсбук
ФОТО: Лејла Рамковски / Фејсбук
ФОТО: Лејла Рамковски / Инстаграм
ФОТО: Лејла Рамковски / Инстаграм
ФОТО: Лејла Рамковски / Инстаграм
ФОТО: Лејла Рамковски / Инстаграм
ФОТО: Лејла Рамковски / Инстаграм
ФОТО: Лејла Рамковски / Инстаграм
ФОТО: Лејла Рамковски / Инстаграм
ФОТО: Лејла Рамковски / Инстаграм
ФОТО: Лејла Рамковски / Инстаграм
ФОТО: Лејла Рамковски / Инстаграм
ФОТО: Лејла Рамковски / Инстаграм
ФОТО: Лејла Рамковски / Инстаграм

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button