Македонката направи хаoc во „Ѕвездите на Гранд“ – Јелена Карлеуша воодушевена, за прв пат гледа нешто вакво на оваа сцена
Кога се појави се затресе студиото
Во емисијата Ѕвездите на Гранд што се емитуваше вчера, се претстави младата пејачка од Битола, Марија Груевска.
Таа со својот беспрекорен глас, но и прекрасно издание ги освои сите штом се појави на познатата сцена.
Таа се претстави со песна од Тоше Проески, „Чија си“, како и со песна од Јелена Карлеуша „Тукушто оставена“.
Но Марија повторно песната од Карлеуша ја изведе онака како што тоа досега никој не ги направил – во џез варијанта.
„Јас во живо, во животот никогаш не сум видела ваква висока мода, како што гледам денес на тебе. Ова се вика висока мода… Секоја чест за Златко, ова е нешто несекојдневно на оваа сцена, изгледаш како принцеза, пееше како да си дојдена од некоја друга димензија, потполно поинаку. Еден чуден трип кој никогаш не се слушнал на оваа сцена, еден потполно откачен пристап“, изјави Јелена Карлеуша која не го криеше воодушевувањето од убавата Македонка.
„Толку инспиративно и ново, заслужува да биде на оваа сцена. Браво Марија“, и порача Карлеуша.
Марија со својот генијален настап ги освои сите шест гласови, како и кандидатот со кој беше во дуел, а по прегласувањето имаа по три гласа, по што продукцијата донесе одлука Груевска да оди директно во следниот круг.
Како Марија изгледаше во вчерашната емисија, но и во претходната, погледнете во продолжение.
Марија носеше „златен“ фустан со големи димензии, но и помпезен фасцинатор кој беше во форма на ореол од католичката иконографија.
Инаку, нешто слично порано можевме да видиме како на светската, така и на балканската сцена, иако досега ниту една од учесничките во ова музичко шоу се нема појавено вака.
Во едно вакво слично издание можевме да ја видиме и пејачката Бијонсе на доделувањето на Греми наградите во 2017, но и новосадската барбика Наташа Беквалац, на нејзиниот концерт во февруари минатата година.
Марија е од Битола и релативно е ново има на нашата музичка сцена за која времето допрва доаѓа.
Меѓу обожавателите во нашата земја Груевска е позната и како македонската Бијонсе, а се прослави по учеството во „Икс фактор“ и „На иста адреса“. На свои 18 години прв пат ќе настапи и на фестивалот „Макфест“ кога исто така ги освои сите со својот сценски настап.
Шармантната пејачка е забележителна токму по својот изглед во облекувањето а ексцентричните костуми што најчесто ги носи кога е на сцената се со потписот на македонскиот моден дизајнер Златко Јовановски.
Јовановски кој во јавноста е познат и како Џеј- зи Џеј, важи за еден од креаторите на високата мода во нашата земја.
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска