Реклама
Наши ѕвезди

Тоше Проески на својот ПОСЛЕДЕН КОНЦЕРТ, пред да замине во ВЕЧНОСТА, имаше само една желба од својата публика

Реклама

Незаборавниот Тоше Проески беше една од најголемите музички ѕвезди на овие простори и неговото прерано заминување беше голема загуба за сите.

Фото: Принтскрин/ Фејсбук (Тоше Проески)

Тој имаше фанови во сите држави од поранешна Југославија, а со неговите песни стана бесмртен во срцата на сите нив.

Проески беше секогаш насмеан и спремен да му помогне на секој, а оние што го познаваа, меѓу кои и многу негови колеги, имаат само убави сеќавања за него.

Маркетинг

Еден таков момент кој никогаш нема да биде заборавен можеме да го видиме и од следната фотографија.

Во прашање е фотографија што на социјалните мрежи ја објави нашата пејачка Андријана Јаневска која со години ја чуваше како еден од најубавите спомени во нејзиниот живот.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Андријана Јаневска

Пејачката на својот профил на Фејсбук сподели досега невидена фотографија на која е со Тоше и Каролина Гочева.

Фотографијата е настаната за време на нивната заедничка турнеја во Австралија, во дамнешната 2000 година.

„Каролина, Тоше и јас, 2000 година, во Сиднеј, Австралија. Насмеани и распеани, одиме да гледаме кошаркарски натпревар на Олимпијадата“, пишува познатата пејачка во описот на фотографијата.

Фото: Принтскрин/ Фејсбук (Тоше Проески)

„Прекрасни спомени од едно време кога другарството беше најважно, кога зборот суета беше туѓ и кога музиката нè обединуваше“.

Оваа фотографија е од мојата приватна архива и ја објавувам со дозвола на Каролина и семејството на Тоше, објасни Андријана на социјалните мрежи.

Фото: Принтскрин/ Фејсбук (Тоше Проески, МРТ)

Инаку, нашиот славеј откако замина зад себе остави голема празнина, а секое спомнување на неговото име и денес предизвикува и тага и болка кај неговите фанови. Многумина од неговите колеги и денес за него велат дека повеќе нема таков пејач во регионот, но ни таков човек.

Фото: Принтскрин/ Фејсбук (Тоше Проески)

Проески своето образование го стекна на Музичката академија во Скопје, а се усовршуваше во Њујорк кај учители кои ги подучуваа врвните тенори како Лучијано Павароти.

Фото: Принтскрин/ Фејсбук (Тоше Проески)

Љубовта кон уметноста ја наследи од својот татко Никола кој го следеше својот син од почетокот на неговата кариера.

„Како дете сакаше да биде доктор, но подоцна музиката влезе во неговиот живот“, изјави во една пригода таткото на Тоше Проески.

Фото: Принтскрин/ Фејсбук (Тоше Проески)

Тоше живееше за својата публика и за концертите, а најсреќен беше кога беше пред своите бројни обожаватели. На последниот концерт побара од публиката да направат „ѕвездено небо“ со своите мобилни телефони и ги замоли да не дозволат тоа никогаш да се изгаси.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button