Пyкна тиквата меѓу Јелена Карлеуша и Марија Шерифовиќ по дисквалификацијата на младата девојка од Гранд ѕвезди?
Карлеуша разочарана од постапката на нејзината колешка?
По дисквалификацијата на Вања Кнежевиќ од Ѕвездите на Гранд, се огласи и Марија Шерифовиќ.
Но по нејзиниот коментар следуваше неочекувана реакција на поп ѕвездата Јелена Карлеуша.
Имено, Јелена Карлеуша само неколку минути откако Марија Шерифовиќ го искажа својот став во врска со споменатата дисквалификација на Вања, на која и беше менторка, популарната дива реши повеќе да не биде пријателка со својата колешка на социјалните мрежи. Таа очигледно не го поддржува мислењето што јавно го изнесе нејзината долгогодишна другарка Марија, па реши да ја избрише од листата на свои пријатели на социјалните мрежи.
Што се однесува до Марија, таа се уше ја следи Карлеуша на Инстаграм, а што ќе се случува понатаму, останува да видиме.
Да потсетиме, Марија почувствува потреба да се обрати до јавноста преку социјалните мрежи, но почека како што самата изјави, да се смири ситуацијата.
Еве што порача таа:
„Јас имам само една работа да кажам. Значи, на мене ми изгледа дека сите претерала. Ми се чини дека Јелена ова го сфати премно0гу лично, дека нејзината реакција беше, нема да кажам избрзана бидејќи Јелена многу добро знае што прави и тоа го прави свесно. Сметам дека Вања не требаше да ја сподели спорната содржина бидејќи на почетокот од секоја емисија им се кажува: „Деца, водете сметка што објавувате, не расправајте се со жирито, бидејќи тоа навистина нема смисла’, така што тоа е океј“, призна познатата пејачка.
Повеќе информации за тоа зошто Вања беше исфрлена од шоуто и што и порача Карлеуша, прочитајте тука.
Фото: Принтскрин/ Гранд
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Гранд
Фото: Принтскрин/ Гранд
Фото: Принтскрин/ Гранд
Фото: Принтскрин/ Гранд
Фото: Принтскрин/ Гранд