Погледнете како Марко ја изненади Луна за нејзиниот 25-ти роденден – БРЕМЕНАТА мама ужива во хотелската соба во кocтим за капење
Луна Џогани објави фотографии и видеа од подароците што ги доби од својот сакан за роденденот.
Имено, таа и Марко Миљковиќ отпатуваа во Дубаи каде вчера, на 8 март го прославија нејзиниот 25 роденден.
Таа имаше прекрасен роденден во Дубаи, а со роденденското изненадување од својот сакан се пофали на Инстаграм.
Марко и приреди вистинско изненадување штом се разбуди, кога целата хотелска соба беше преполна со балони и цвеќиња.
Поранешната ријалити ѕвезда позираше во костим за капење, покрај подароците, пресреќна во седмиот месец од бременоста.
Роденденот на Луна и го честитаа и голем број фанови како и нејзините родители Анабела и Гаги Џогани. Фановите беа посебно воодушевени од видеото на кое идната мама во песокот на плажата го пишува името на својата ќерка Миа. Погледнете дел од роденденската атмосфера…
Инаку, Луна и нејзиниот свршеник Марко веќе неколку дена уживаат во Дубаи, а неодамна се пофалија и со неколку фотографии од романтичната вечера кога идната мама беше стокмена од глава до пети за својот партнер.
Бремената Луна за вечерата со саканиот избра тесен, бел фустан со кој го истакна својот труднички стомак, а судејќи според коментарите, Џогани и тогаш привлече големо внимание на социјалните мрежи.
Тие се фотографира и во лифтот, а таа потоа го покажа и луксузот во кој уживаат на ова преубаво место.
Сепак, најмногу внимание предизвикаа со снимката на која Луна носи костим за капење, а нејзиниот сакан и го бакнува стомакот и му зборува на бебето.
Погледнете ги и останатите фотографии…
Фото: Инстаграм/ Луна Џогани
Фото: Инстаграм/ Луна Џогани
Фото: Инстаграм/ Луна Џогани
Фото: Инстаграм/ Луна Џогани
Фото: Инстаграм/ Луна Џогани
Фото: Инстаграм/ Луна Џогани
Фото: Инстаграм/ Луна Џогани
Фото: Инстаграм/ Луна Џогани
Фото: Инстаграм/ Луна Џогани
Фото: Инстаграм/ Луна Џогани
Фото: Инстаграм/ Луна Џогани
Фото: Инстаграм/ Луна Џогани
Фото: Инстаграм/ Луна Џогани
Фото: Инстаграм/ Луна Џогани
Фото: Инстаграм/ Луна Џогани