Наши ѕвезди

Српската водителка УДPИ ЖЕСТОКО по Калиопи: „Глумеше ѕвезда, ми се закaни дека ќе добијам отказ“

Advertisement

Таа е една и единствена, дива, кралица на македонската поп-музика.

Advertisement

Калиопи со години ја освојува публиката на Балканот со својот ангелски глас. вонсериски уметник од светски калибар, кој покрај извонредните вокални способности во рамките на поп музиката, изведува и компонира музика за филм, театар и балет.

Својата посериозна музичка кариера ја започнала во бендот Калиопи, заедно со нејзиниот поранешен сопруг, авторот Ромео Грил.

ФОТО: Калиопи / Инстаграм

Зад себе има богата музичка кариера, ризница хитови, многу концерти со преполни сали и настапи на врвни фестивали.
Калиопи зад себе има два брака, две големи љубови! Од романсата со композиторот Ромео Грил Калиопи го доби најголемиот дар во својот живот, синот Пако.

Advertisement

Пако денес има 30 години и живее во Швајцарија.

ФОТО: Калиопи / Инстаграм

По него долги години беше во брак со актерот Васил Зафирчев. Важеа за најскладен пар на македонската сцена, а на нивната љубов многумина заидуваа. Но, на изненадување на многумина и тие се разделија. Сепак и после бракот останаа блиски пријатели, па често се гледаат. Васил ја изненади Калиопи и за нејзиниот роденден годинава.

ФОТО: Калиопи / Инстаграм

Пејачката и покрај тоа што се разведе од првиот сопруг, со него соработуваше на некои песни и по разделбата. Таа за него вели дека отсекогаш ги правел најдобрите песни за неа, а негова е и песната „Црно и бело“ со која се појави на Евровизија.

Во интервју за црногорскиот портал Café del Montenegro Калиопи Букле откри дека првиот хонорар го добила кога имала само 9 години.

ФОТО: Калиопи / Инстаграм

– Тогаш ја снимив мојата прва песна „Мојата учителка“ со која победив на детскиот фестивал „Златно славејче“ во 1976 година. Бев многу изненадена кога по снимањето ме пратија на благајната на тогашната Радио Телевизија Скопје да го подигнам својот хонорар. Сите пари ги потрошив на подароци за моите родители, за брат ми и сестра ми – откри таа неодамна.

ФОТО: Калиопи / Инстаграм

Поради коронавирусот и забраните донесени од надлежните сите музичари останаа без пари.

Музичарите реагираат и дека поради корона кризата се препуштени на милост и немилост. Настапи речиси и да немаат, а приходите им се сведени на минимум.

И Калиопи која остана без настапи, олучи да се огласи на социјалните мрежи.

„Почитувана госпоѓо Корона, Ве молам напуштете го нашиот живот“, пишува Калиопи под фотографијата што ја објави на Инстаграм, а на која пуши цигара.

ФОТО: Калиопи / Инстаграм

Додека траеше вонредната состојба во Македонија и сите бевме во карантин, Калиопи деновите ги помина дома заедно со нејзиниот татко за кој посветено се грижеше.

Калиопи тогаш во интервју за „Телеграф“ изјави дека и било убаво времето што го поминала со својот татко, посебно што сега има повеќе време за него.

„Добрата страна од неминовното повлекување во нашите оази е остварувањето на блискоста со оние што најмногу не сакаат и кои всушност ни се и најважни“, изјави тогаш пејачката.

И покрај тоа што во Македонија е позната како хуманитарец и голем професионалец, српската водителка Весна Дедиќ одлучи да ја оцрни сликата за неа во јавноста.

Дедиќ е водителка на популарната емисија „Балканска улица“, а во едно сво интервју кажа дека никогаш повеќе нема да ја побара Калиопи да ѝ биде гостинка во емисија.

Весна ја обвини Калиопи дека пред да дојде во емисијата се однесувала како дива, доцнела, била непрофесионална и ѝ се зaканила на Весна со отказ.

„Никогаш веќе нема да ѝ се јавам. Ми се јавија од Македонска телевизија или нејзиниот менаџер беше, не се сеќавам точно, да ми кажат дека би сакале таа да ми биде гостинка. Реков да, прекрасна жена, навистина ја ценам, ги сакам нејзините песни. Интервјуто беше закажано во 14 часот и јас подготвена ја чекам со тимот. Таа доцнеше, дојде два и пол часот, но продуцентите ми рекоа дека се слушнале со неа и дека доаѓа, само што ја поминала патарината пред Белград. Јас реков супер, ќе почекаме, нека дојде сега“, раскажала Весна за „Свет“.

Но, иако доцнела, Калиопи ѝ рекла на Весна дека сака прво да оди во хотел да се нашминка, да се среди, а потоа да дојде на емисија. Весна не сакала да го прифати тоа, затоа што цел тим соработници чекале на пејачката.

„Тогаш ѝ се јавив јас и ѝ реков: Калиопи, тука се собрани сите, камермани, сниматели, тон-мајстори, светломајстори кои се со работно време и кои работат за плата. Ова интервју ви значи многу во вашата кариера. И да дадете интервју на РТС во ‘Балканска улица’ треба да ви биде чест.

Не дозволувам никој да го малтретира мојот тим поради шминка. Вие сте доволно големо име за да можете да се појавите пред камера со малку маскара и пудра“, вели водителката и додава: „Таа рече дека не доаѓа предвид и дека ќе му се јави на тогашниот директор на РТС да му каже да ме отпушти ако не сакам да ја чекам. Јас ѝ реков, слободно јави се. Таа не се појави на снимањето, јас не сакав да чекам неколку часа. Никогаш нема тоа да ѝ го заборавам,“ раскажала Дедиќ за случката со Калиопи.

Калиопи изненадена и запрепастена ги отфрли ваквите обвинувaња и кажа дека на снимање доцнела само поради случена сoooбраќајна неcреќа.

„Никој не ме познава како таква личност како што вели Весна. Јас навистина не знам што се случи со дамата и што сакаше да каже со тоа. Јас ја работам оваа работа веќе 35 години и никој никогаш не ми кажал такво нешто, ниту ме навредувал како неа. Вистина е дека доцнев на таа неславна снимка поради cообраќајна неcреќа предизвикана од лошото време бидејќи патував од Загреб кон Белград, нејзиниот продуцент го знаеше тоа“, рекла Калиопи за српски „Курир“.

ФОТО: Калиопи / Инстаграм

Калиопи истакна дека таа не ја познава лично Весна, но дека ја почитува нејзината работа.

„Шокиpана сум од она што го зборува таа. Како и да е, јас, колку што не ја познавам, ја почитувам Весна Дедиќ како интелектуалец, новинар и писател, дури и ги читам и нејзините книги. Она што го зборува е сосема туѓа работа за мене, навистина не знам за што зборува таа жена. Калиопи се бори луѓето да добијат работа, а не да му се зaканува некому со отказ, тоа е скандалозно за што зборува таа. Никогаш во животот немав проблем од ваков вид“, додала Калиопи.

ФОТО: Калиопи / Инстаграм
ФОТО: Калиопи / Инстаграм
ФОТО: Калиопи / Инстаграм
ФОТО: Калиопи / Инстаграм
ФОТО: Калиопи / Инстаграм
ФОТО: Калиопи / Инстаграм
ФОТО: Калиопи / Инстаграм
ФОТО: Калиопи / Инстаграм
ФОТО: Калиопи / Инстаграм

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button