Нема да ви се верува колку заработуваат Цеца и Анастасија само од СОЦИЈАЛНИТЕ мрежи – и тоа во време на криза!
Цифри од кои на многумина ќе им се заврти во глава
И додека многу претставници на балканската естрада се во тешка финансиска ситуација заради кризата предизвикана од епидемијата, некои се уште живеат убаво и заработуваат пари од социјалните мрежи. Пејачките маат голем број следбеници и одлично заработуваат од рекламите на своите профили, а како што пишуваат српските медиуми, меѓу најплатените е ќерката на Цеца, Анастасија Ражнатовиќ, како и Сека Алексиќ, Теодора Џехверовиќ и Маја Беровиќ.
Тие на Инстаграм имаат бројка од милион следбеници, а сега брендовите се натпреваруваат кој попрв ќе ги ангажира.
Една објава на ѕидот чини околу 2500 евра, додека за стори бараат 1500 евра, пишува српскиот „Информер“.
Наташа Беквалац која наводно има околу 800.000 следбеници заработува и по 3500 евра за една објава на ѕидот, а бидејќи Јелена Карлеуша има речиси три пати повеќе следбеници можеме само да претпоставиме колку пари и плаќаат брендовите за една објава на нејзиниот профил. Пејачките даваат и попусти ако со некоја фирма направат соработка за подолг временски период, пишува овој портал.
Кога е во прашање гардероба, тогаш во главно станува збор за компензација. Сека Алексиќ наводно важи за личност која најмногу се согласува за такви соработки. Таа сака да ги поддржи малите брендови, па често ги рекламира, а тие и ги испраќаат своите производи. Нејзиниот профил изгледа буквално како топ-шоп, како што би рекло народот, рекламира сé од игла до локомотива.
Од друга страна Дијана Диди Јанковиќ која има милион и пол фанови на својот Инстаграм, вели дека од една објава во Америка заработува и до 5000 долари.
Сепак Цеца е шампион!
Како што пишуваат српските медиум, од пејачките Цеца заработува најмногу. Таа добива и преку 6000 евра од една објава, а карактеристично за неа е што ги рекламира само оние брендови за кои може да навистина да гарантира бидејќи не сака заради пари да го дискредитира своето име.
За разлика од неа нејзините колешки Драгана Мирковиќ и Лепа Брена не ги користат своите профили на социјалните мрежи за рекламирање на фирми.
По 150.000 евра годишно само од Јутуб?
Инаку, Цеца заработува и преку 150.000 евра годишно на Јутјуб, објавија неодамна српските медиуми! Таа беше прва пејачка која има милион следбеници на овој видео сервис, а нејзините снимки досега вкупно имаат околу две милијарди прегледи! Поради овие видеа Ражнатовиќ и во време на пандемија заработува добро.
Цеца го отвори својот канал на Јутјуб во 2012 година и на него ги има сите нејзини видеа, како и разни интервјуа, вклучително и снимка од нејзината свадба со Жељко Ражнатовиќ Аркан. Сите овие снимки имаат милионски прегледи, а нејзината најпопуларна песна е „Трепни“ од 2016 година. Песната има повеќе од 68 милиони прегледи – раскажува изјави извор близок до пејачката и додава:
„Цеца нема склучено договори со ниту една продукција, како што тоа го прават повеќето нејзини колеги, така што не мора да ги дели приходите со никого. Сепак, на неспонзорираните канали, каков што е на Цеца, Јутјуб заработката ја исплаќа на крајот на годината. Така, Цеца заработува околу 100 000 евра годишно во последните три години, а како што расте нејзината популарност, расте и добивката. Последен пат на нејзината сметката се исплатени повеќе од 150.000 евра“, објави пред неколку месеци порталот „Информер“.
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ