Каролина Гочева по примерот на Карлеуша – пејачката се прошета со чанта од 700 долари

За нејзиниот глас и музиката која ја изведува веќе и не мора да се зборува, нејзиното име самото кажува сѐ.
Македонската пејачка Каролина Гочева важи за една од најдобро облечените дами на јавната сцена. Каролина секогаш ги следи трендовите, но се труди сѐ што ќе облече да ѝ биде удобно, а во исто време убаво да ѝ прилега. И, успева во тоа.
Сѐ на неа изгледа скапо и светски.
Ообено внимава како се појавува на сцена.

Никогаш не е едноставно и доликува на ѕвезда како неа.
Освен на гардеробата, обрнува внимание и на деталите.
Она за што сите зборуваат деновиве е чантата која пејачката ја поседува.
По се изгледа одлучила малку повеќе да се почести, а и заслужено.
Имено, таа во црна комбинација покажа дека искомбинирала мала чантичка од брендот „Jackquemus“ .
На 1. март „традиција“ е сите на социјалните мрежи да ја споделат нејзината песна „1 март“.
Токму поради тоа таа се огласи на Инстаграм и им се обрати на своите фанови.
-Денес добив куп пораки, за момент си помислив и дека стварно ми е роденден.
Сериозно ќе размислам од следна година да си го славам и денешниов “празник”.
Па, среќен нека е! – напиша македонското девојче, во опис на фотографијата на која се гледа и чантата која го собра целото внимание.

Во моментов ова е најпопуларната чантичка за која зборуваат сите.
Иако во неа не може да собере сѐ што една жена вообичаено сака да стаи во нејзината чанта, сепак сите се „тепаат“ за неа и сакаат да ја поседуваат.
Со оглед на големината о неа може да собере платежна картичка и малку пари.
Цената на оваа торбичка е околу 600 евра.
Освен Каролина, со оаа торбичка се прошета и балканската ѕвезда Јелена Карлеуша на снимањето на емисијата „Ѕвездите на Гранд“.
Кога ја запрашале што има во чантата, Јелена одговорила дека е празна и дека ја носи само како додаток.
Една американска ѕвезда сепак успеа да ги победи Јелена и Каролина, па на доделувањето на Американските музички награди пејачката Мелиса Џеферсон, попозната како Лизо, е појавила со минијатурна Валентино чанта.
Кога новинарите ја прашале што успеала да спакува во неа, таа одговорила:
-Внатре има тампони, текила и кондоми – се пошегувала пејачката.
Каролина не откри што носи во торбата, но сепак одлично ја искомбинира.
Пејачката дури и во спортско издание изгледа неодоливо.
Освен неа, секогаш стилизиран е и нејзиниот сопруг Михаил Корубин.
Каролина се труди својата приватност добро да ја скрие од очите на јавноста, но вештите новинари секогаш успеваат да откријат по нешто ново за неа.

Пред да се омажи за сегашниот сопруг, Каролина имаше бурен љубовен живот за кој често се зборуваше.
Каролина со најстариот син на Аркан
Таа пред десетина години беше во врска со Ник, богат бизнисмен од Грција кој живее во Битола, каде има и своја фабрика за текстил. Таа со него почна да се забавува откако претходно се раздели од младиот скопски бизнисмен Јован Пановски, со кого беше во врска година и пол.
Скопјанецот кој го преплави градот со билборди на кој пишуваше „Каролина, те сакам“
Пред Јован, Каролина цели четири години беше во врска со Аладин Дино Балиќ, а пред тоа имаше кратка врска и со Михајло Ражнатовиќ, син на Жељко Ражнатовиќ – Аркан, пишува српскиот весник „Курир“.
Таа заврши во неговите прегратки откако се раздели од познатиот скопски бизнисмен Гроздан.

Во септември 2017 година го кажа судбоносното „да“ на човекот кој го освои нејзиното срце. Каролина се омажи за 6 години помладиот Михаил и изгледа посреќно од било кога.
Тие се венчаа во невообичаен амбиент, во еден од воените хангари на аеродромот „Петровец“ во близина на Скопје, кој беше специјално уреден за оваа пригода.

Нејзиниот сопруг е сликар и потекнува од уметничко семејство. Неговиот татко Рубенс е добро познат македонски сликар, а неговата мајка Лиле Корубин е дизајнерка. Михаел е магистер по ликовна уметност и неговите дела досега се изложувани низ галерии во Софија, Торонто, Њујорк…
Каролона во една пригода за својот приватен живот ќе изјави дека нејзиниот брак изгледа како и на секоја нормална жена.

„Ние уште од почетокот кога се запознавме многу фино функциониравме бидејќи и двајцата имаме флексибилно работно време. Може сами да одредиме кога сме на одмор, кога работиме. Јас и сопругот кога сме зафатени сме зафатени 24/7, а кога сме слободни сме слободни и двајцата. Кога сме слободни и двајцата може да си го испланираме времето како што сакаме. Во тој поглед функционираме одлично“, изјави пејачката во едно нејзино интервју за естрадниот магазин „Ексклузив“. Таа тогаш истакна и дека би сакала наскоро да се реализира како мајка, но како што вели, за сé треба трпение бидејќи „животот самиот ги планира работите“, изјави пејачката.














