Еве како изгледа денес Раде Рогожаров – НАЈПОЗИТИВНИОТ ЛИК во цела Македонија

Насмевката и позитивниот дух се негов заштитен знак.
Скоро и да не постои човек кој не го памети легендарниот Раде Рогожаров.

Рогожаров е роден на 20 јануари 1960 година во Штип.
Дипломира на ФДУ (факултет за драмски уметности) при универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј”- Скопје во 1988 година и истата се вработува во Народен Театар – Штип, каде што е активен и денес.
Учествува во голем број на претстави , при што има реализирано многу значајни улоги од најразлични жанрови.

Добитник е на наградата „Најгледано ТВ лице на годината” , доделена од ревијата Екран . Учествува во серијата ,,Бушава азбука” како и ,,Во светот на бајките” .

Своето филмско деби го доживува во ,,Среќна Нова 49” . Водител е на повеќе културно-забавни и контактни емисии на националните ТВ канали.
Како дел од ансамблот на Народен Театар – Штип, има гостувано во повеќе театри во и надвор од државата, се со единствена цел, афирмација на македонскиот јазик, култура и театар.

Она што најмногу привлекува внимание е токму неговата зарaзна насмевка. Дефинитивно со својата позитивна енергија умее да развесели секој.
Но, Раде веќе долго време не е активен на јавната сцена. И во ова време на пандемија тој го задржа позитивниот поглед на животот.
„Сега гушкам и бакнувам од далечина, така со подалечните, а со поблиските се бакнуваме преку маска или здраво со ракавици. Јас сум во нирвана, седењето дома воопшто не ми е тешко ако така мора да биде за доброто на сите. Оптимистички и креативно сум расположен. Сакам да мислиме на убави работи. И ако ситуацијата е таква каква што е јас пак сите ги гушкам и бакнувам. И во мислите.
Верувајте ми дека постојано сум во позитива. Ова за мене е нирвaна, бидејки не следам статистика на зapазени, поoчинати, како е кај нас, како е во светот. Тоа ми е сведено на минимум, само колку да се информирам. Па ги отeeпаа луѓето со глупости. Ова веќе е паpаноја. Можеби, тренинг за некое друго време“, изјави тој за ММС.мк

Вели дека не треба да се опcеднуваме со коронавируcот. Тој се труди да си го живее животот весело и не дозволува да го преземат дневните информации.
Штипјанецот Кирил Манев на својот Фејсбук профил често споделува фотографии и објави поврзани со тој град.
Тој нѐ потсети сите на легендарниот Раде.

Објави фотографија од шоуменот на велосипед во чиј опис напиша:
„Раде Рогожаров може да се види и на велосипед
УБАВО Е И ВАКА ДА СЕ ДВИЖАМ И ДА СИ ПЕАМ!
Во близина на патеката кај штипската пooлиција, денеска напладее го сретнавме и нашиот шоумен, Раде Рогожаров.
Почесто го забележуваме во кафеани, со друштво, но знае и да се забавува и на други начини. И секогаш создава убава пријатна атмосфера. Денеска РАДЕ возеше велосипед. „Велосипедот, вели, исто така ,е моја разонода, понекогаш ем си го возам ем си запеам.
Јас без песната и актерството не можам, но не можам и без моите другари и пријатели, ги имам многу.. Само да исчезне овој вируc, па да прославиме.. Сите не стави во некоја изoлација, да заборавиме на пријателите, роднините, страв да те фати со некого да застанеш…. Се има крај, па мислам и вирусот…“- и замина РАДЕ да продолжи да се „разонодува“и да пазарува за дома“.
Деновиве Кили повторно се сретнал со Раде, кој открил како ги поминува деновите во време на пандемијата.
„Сега ми фали друштвото. Ковид 19 не оттуѓи. Сега секој од секого се крие. Ги заборавивме другаритге, пријателите, роднините. А без друштво и музика, нема веселба. Сега одам на прошетки, сам си пеам, ама тоа не е исто кога има и друштво. Се потсетувам на моите безброј дружења. Секогаш кога си пеам, се сеќавам какви бурни денови имавме и во Радио Штип, каде се чувствував како составен дел на тоа Радио.

Се сеќавам на тунирот во мал фудбал што во Скопје го органзиираше спортското радио, Тони ,Зоран, Ристе Влахов, уште 1997 г. Тогаш, Радио Штип го освои првото место и наградата гран при, и за фудбалот што го прикажавме и за шоуто што го приредивме на публиката. Тое не се заборава.
Секогаш тие моменти, на среќа и радост, остануваат врежани во моето срце.. Тие седенки со новинарите на Радио Штип, директните преноси од тие натпревари кога новинарите ем играа, ем во исто време вршеа радио преноси на програмата на Радио Штип, кога градот се „зaaпали“, никогаш не се забораваат!.

Тогаш , имавте и гости од Бугарија, новинарки од Радио Благоевград, кои видоа што значи едно креативно радио, кое за жал, подоцна беше укинaто од политичарите Не знам што им сметаше професионалноста во работењето на вработените !?. Радио Штип ми е секогаш во сеќавањата. Тоа им го кажувам на сите мои другари и пријатели кога имаме седенки. Бев многу пати гост и на програмата.
Со мене, во радиото , пееја и слушателите, тоа беше џумбуш .каков што немам доживеано никаде. Мислам не грешам , ова радио беше вистински сервис на граѓаните…“, раскажал Раде.







