Карлеуша во шопинг со сопругот, сите гледаат во овој детаљ – НЕ се РАЗВEДУВААТ, а Душко е маж кој секоја жена би го посакала
Пејачката мораше да се пoфали со ова
Јелена Карлеуша празникот „Денот на вљубените“ го помина заедно со својот сопруг во Истанбул
Поп ѕвездата Јелена Карлеуша (42) и нејзиниот шест години помлад сопруг, фудбалерот Душко Тошиќ, веќе неколку дена уживаат заедно во Истанбул.
Пејачката откако објави неколку заеднички фотографии од вечерата, објави и неколку од шопингот со кои покажа дека нејзиниот сакан не е како повеќето мажи, односно дека не му е тешко да оди со својата поубава половина во разгледување и купување низ продавниците.
Имено, соработникот и пријателот на Јелена, Зоран Бирташевиќ, кој исто така е со неа во Турција, го забележа моментот во еден трговски центар, а на подвижните скали покрај пејачката се гледа Душко кој ги носи кесите.
Карлеуша за оваа пригода избра чизми со високи потпетици панталони и јакна, додека Душко носеше капут.
Тие и двајцата на главата носеа темен качкет, а во фокусот беше она што Карлеуша го носи во рацете.
Во прашање се кеси со работи кои што ги пазареле во заедничкиот шопинг, а со кои пејачката се пофали на социјалните мрежи.
Сликите со Душко и Јелена во трговскиот, но и некои други фотографии погледнете во продолжение…
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Зоран Бирташевиќ
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Зоран Бирташевиќ
Фото: Инстаграм/ Зоран Бирташевиќ
Фото: Инстаграм/ Зоран Бирташевиќ
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша