Наши ѕвезди

Светско, а наше: Дојдоа петте минути на кумановецот Боби Серафимовски – неговиот американски сон станува јаве

Advertisement

Кумановскиот композитор и музичар, Боби Серафимовски, успешно чекори по светските музички патеки и е вистинска гордост за Македонија.

ФОТО: Боби Серафимо/Фејсбук

Серафимовски на македонската јавност ѝ е познат уште од поодмана кога ја започна својата музичка кариера во Македонија во почетокот на 90-те. Боби подоцна реши да си ја проба среќата и во регионот продавајќи свои песни на познати музички ѕвезди, меѓу кои една негова има снимено и балканската фолк дива Цеца.

Advertisement

Но, не запре тму и својата кариера ја усмери надвор од границите на Балканот. Веќе почна да соработува со светски музички имиња.

ФОТО: Боби Серафимо/Фејсбук

– Среќен сум што мојата музика ја препознаваат и навистина за мене ова претставува не само голема чест, туку и голем успех.. Почна да се остварува мојот сон да пишувам филмски музички теми за познати холивудски филмови, што уште одамна си го поставив како предизвик.

Континуираната работа во студиото во моето родно Куманово, што постојано ме држи во кондиција, големата поддршка од семејството и желбата за моите композиции да слушнат што повеќе луѓе во светот, станува јаве. Во САД меѓу филмскиот естаблишмент веќе сум познат како Боби Серафимо, а најновото од мене на музички план е тоа што мојата композиција, која беше лиценцирана во познатата музичка библиотека „Мома“ во Лос Анџелес, Калифорнија, пласира моја филмска тема под наслов „Good night my friends“. Композицијата ќе биде музичка подлога на неколку сцени во филмот.

Advertisement

Станува збор за инди-филмот со холивудска продукција „Пи a ла Мод“, а сценариото и режијата се на ВД Фон – изјави Серафимовски во едно интервју за „Нова Македонија“.

ФОТО: Боби Серафимо/Фејсбук

Боби Серафимо сега го објави своето најново ремек дело – песната „New Sun Above America“, која е негово комплетно авторско дело. Светската промоција песната ја имаше на 20 јануари, денот на инаугурацијата на новиот американски претседател Џо Бајден.

-Песната ѝ е посветена на Америка, а јас сум нејзин комплетен автор и музички продуцент. Инспирација ми беше сето она што се случуваше во изминатиот период, како во светот така и во САД, пандемијата на коронавирусот, но и насилството во САД, па затоа и ја насловив „Ново сонце над Америка“. Реакциите се фантастични, особено во САД, вели Боби во интервју за „Нова Македонија“.

ФОТО: Боби Серафимо/Фејсбук

На британската „Топ 20“ цела една недела беше на врвот, а на американската „Топ 50“ дури две недели. Многу е среќен што соработува и со македонската пејачка Катерина Мицанова, која има карактеристичен „црнечки“ глас. Кате ги пее придружните вокали.

Песната е визуелизирана и со видеоспот кој го изработил Харчаран Аси, Англичанец, по потекло од Индија, кој живее и работи веќе 50 години во Велика Британија. Боби вели дека го запознал и со неговиот музички опус во филмската музика и се надева дека и во иднина уште поинтензивно ќе соработуваат. За проектот „Ново сонце над Америка“, неговиот тим го изработил видеото, а како резултат на добрата соработка тој пројавил желба да го застапува Боби и пред филмски бизнис-партнери во музичкиот свет.

ФОТО: Боби Серафимо/Фејсбук

Освен што навистина одлично плови во музичките води. тој е во брак со сопругата Фросина, со која имаат две деца – ќерка и син. Иако ретко зборува за приватниот живот, во едно свое интервју реши да открие како му поминува еден ден. Како и впрочем скоро секој од нас, утрото го започнува со утринско кафе кое тој го подготвува за него и неговата сопруга.

ФОТО: Боби Серафимо/Фејсбук

-Првото кафе за мене претставува ритуал во кој што на некој начин не само што црпам енергија туку и ми се отвора визија за новиот ден, инспирација за нова креативност и уметнички набој. Претпоставувам дека кофеинот ја има таа моќ да влијае позитивно на мислите и да да ва позитивна енергија како и тоа да влева надеж дека новиот ден ке биде продуктивен и исполнет со убави нешта.

ФОТО: Боби Серафимо/Фејсбук

Секогаш, мотивацијата ја црпам од моите најмили и од моето семејство. Моето опкружување од најмилите, ќерка ми и син ми заедно со мојата сопруга се главен двигатор и мотиватор во онаа што ја создавам не само на музички туку и на секој план.

Дневни планови секогаш со моите професионални ангажмани а тоа се пред сѐ контакти со компании од филмската музичка бранша низ светот со кои што имам веќе соработки и потпишани договори, потоа создавање на комерцијална музика за познати пејачи од Балканот, како и работа со моите ученици каде што сум професор по повеќе музички предмети и инструменти.

 

ФОТО: Боби Серафимо/Фејсбук

Како што започнува така и најчесто завршува мојот ден а тоа е во кругот на моето семејство, а понекогаш покрај нив и со драги пријатели.

Секако дека сакам книги и филмови доколку имам време, меѓутоа повеќе сум предан на телевизијата и преку телевизијата не само што добивам информации туку и сакам да гледам пред сѐ документарни филмови а понатаму и играни светски филмови, изјави Боби за „Женски магазин“.

ФОТО: Боби Серафимо/Фејсбук

 

ФОТО: Боби Серафимо/Фејсбук

 

ФОТО: Боби Серафимо/Фејсбук

 

ФОТО: Боби Серафимо/Фејсбук

 

ФОТО: Боби Серафимо/Фејсбук

 

ФОТО: Боби Серафимо/Фејсбук

 

ФОТО: Боби Серафимо/Фејсбук

 

ФОТО: Боби Серафимо/Фејсбук

 

ФОТО: Боби Серафимо/Фејсбук

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button