Џорлев го знаевме сите, но дали ќе го препознаете и момчето на фотографијата? Тој денес е познат пејач во Македонија
Во прашање е внукот на Зоран Џорлев кој реши да тргне по неговите стапки.
Ова младо русокосо момче порана во музичко семејство. Неговата мајка е познатата оперска пејачка Софија Џорлева, сестра на маестро Зоран Џорлев.
Таа неодамна се натпреваруваше во шоуто „Никогаш не е доцна“, а позната е и како сестра на Зоран Џорлев кој пред нешто повеќе од месец дена го изгуби животот по краткото боледување од вирусот корона.
Огнен Здравковски реши да тргне по чекорите на членовите од неговото семејство, а се прослави во „Ѕвездите на Гранд“.
Тој во ова музичко шоу беше дел од екипата на Шерифовиќ и стига до самото финале во натпреварот.
Марија не криеше дека Огнен е еден од нејзините омилени пејачи во групата, а набргу по натпреварот на сите н стана јасно зошто е тоа така. Имено, Огнен ги оправда очекувањата на својата менторка, а подоцна се спријатели и со Саша Ковачевиќ кој неодамна јавно го поддржа, изјавувајќи дека цврсто верува во неговиот музички талент кој е неприкосновен.
Но Огнен во изминатиов период помина низ тешки моменти. Откако најпрво, уште н почетокот од епидемијата неговата мајка се разболе од вирус корона, пред нешто повеќе од месец дена од истиот вирус се разболе неговиот вујко. Но за разлика од Софија, која успеа да ја победи опаката болеста, животот на Зоран згасна заради последици предизвикани од вирусот. Огнен со него беше многу близок и беше првиот што преку социјалните мрежи ги соопшти тажните вести кога на својот профил на Фејсбук напиша емотивна порака.
И фотографијата на која Огнен како мал свири виолина со неговиот вујко покажува дека од најраното детство бил близок со Џорлев и дека од него научил многу за музиката.
И бидејќи покрај себе имал вакви виртуози, воопшто не се сомневаме дека пред Огнен е блескава музичка кариера.
Младиот пејач во изминатиов период објави неколку генијални синглови, а неодамна изјави дека би сакал да снима дует со Саша Ковачевиќ.
Фото: Инстаграм/ Огнен Здравковски
Фото: Инстаграм/ Огнен Здравковски
Фото: Инстаграм/ Огнен Здравковски
Фото: Инстаграм/ Огнен Здравковски
Фото: Инстаграм/ Огнен Здравковски
Фото: Инстаграм/ Огнен Здравковски
Фото: Инстаграм/ Огнен Здравковски
Фото: Инстаграм/ Огнен Здравковски
Фото: Инстаграм/ Огнен Здравковски
Извор: Гранд, Гламур