Марија му е ќерка на Џеј Рамадановски – таа реши да му ја исполни НАЈГОЛЕМАТА желба на својот татко по секоја цена!
Марија Рамадановски, ќерката на пејачот Џеј Рамадановски, наводно решила да тргне по стапките на својот татко.
Имено, како што пренесуваат српските медиуми, според информации добиени од извор близок до семејството Рамадановски, ќерката на Џеј веќе почнала да ги избира своите соработници и песни, а најголема поддршка има од семејството и зетот Адил Максутвиќ, кој исто така е пејач.
„Додека беше жив Џеј ја тераше Марија да сними песна. И предлагаше дури и да снимаат дует, но заради тремата несигурноста секогаш одбивала.
Пред самиот крај на неговиот живот, се согласи со својот татко да гостува во неколку телевизиски емисии во кои го пушти својот раскошен глас и покажа дека од оној што ја создаде не се разликува многу“, раскажа извор близок до семејството Рамадановски за српскиот весник „Ало“.
Тој додава дека Марија ваквата одлука ја донела дури откако Џеј замина, убедена дека на тој начин ќе ја исполни неговата најголема желба.
„Од кога Џеј по чина, Марија постојано повторува дека нејзиниот татко би бил горд на неа кога би запеала, кога би го наследила… Навистина и е жал што таквиот чекор не одлучила да го направи порано, додека тој се уште беше жив, бидејќи би и помогнал и да го избере музичкиот жанр, но и околу соработниците, музичарите, избор на песни…“ раскажува изворот.
Инаку Марија има завршено козметичко училиште и работи како шминкерка во еден театар. И бидејќи има намера четкичките и сенките да ги замени со микрофонот, најверојатно ќе ја напушти оваа работа, па во иднина ќе се шминка само себеси за своите настапи.
Како што понатаму пишува овој медиум, Марија наводно сака да сними поп албум, бидејќи забавната музика и е поблиска и ја слуша од мали нозе. Нејзиниот татко иако беше легенда на народната музика, таа смета дека поседува трилери и боја на гласот за таков вид на музика.
Нејзината мајка Нада и сестрата Ана, како и зетот Адил, се решени да ја поддржат и да и помогнат во оваа намера.
Инаку, по cмpтта на Џеј, неговата ќерка имаше настап во медиумите, а кога запеа занемеа сите во студиото.
Тоа беше во една специјална емисија каде сите пејачи изведуваа песни од легендарниот пејач, но Марија дефинитивно го украде шоуто како со феноменалниот глас што го има, така и со својот изглед.
Марија тогаш настапи во црн фустан од тантела, а пред публиката настапи со песната „Тешко је живети“.
Марија и нејзиниот татко само месец дена претходно заедно ја изведоа оваа песна, а по настапот таа напиша:
„Собрав сила да ја отпеам песната „Тешко је живети“ која ја пеев пред еден месец до тато во емисија, а сега ја пеам за негова душа во емисија посветена токму за него“.
„Што се може да му се случи на човек во животот, а за тоа не сте свесни. За мојот најсакан татко“, напиша тогаш Марија на својот Инстаграм профил.
Фото: Инстаграм/ Марија Рамадановски
Фото: Инстаграм/ Марија Рамадановски
Фото: Инстаграм/ Марија Рамадановски
Фото: Инстаграм/ Марија Рамадановски
Фото: Инстаграм/ Марија Рамадановски
Фото: Инстаграм/ Марија Рамадановски
Фото: Инстаграм/ Марија Рамадановски
Фото: Инстаграм/ Марија Рамадановски
Фото: Инстаграм/ Марија Рамадановски
Фото: Инстаграм/ Марија Рамадановски
Извор: Ало, Курир