Нашата најпозната водителка покажа какви чевли и чанти има во ГАРДЕРОБЕРОТ – Лила има со што да се пофали!
Водителката има со што да е пофали
Една од нашите најпознати водителки Лила Филиповска често сака да сподели со своите фанови моменти од приватниот живот. Таа тоа го прави во главно преку својот профил на социјалната мрежа Инстаграм, а овој пат своите фанови ги почести со нешто ново и необично.
Имено, нејзиниот пријател и колега ја снимаше додека Лила ги вадеше чантите што ги носеше во автомобилот.
Таа ги извади речиси сите модели што ги носеше на кровот од својот автомобил, а нејзиниот колега се шегуваше дека изгледа како на распродажба. Од видеото јасно може да се види какви чанти има во своите плакари шармантната водителка, сите од познати светски модни брендови.
Покрај чантите, фановите јасно можат да видат и какви високи потпетици поседува Лила во својот гардеробер.
И како што може и сами да видите, има многу!
Овој пат повеќе акцент стави на скапите чанти, кои очигледно има голем број во најразлични модели.
Филиповска реши да ги собере своите омилени модни додатоци и позираше надвор од својот дом, во близина на Градскиот парк, во неколку интересни зимски изданија.
Погледнете уште неколку фотографии од Лила со кои таа реши да покаже и неколку различни зимски стајлинзи.
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Па, кое од овие изданија ви се допаѓа најмногу?