Жирито во „Гранд ѕвезди“ ја нaпaднa македонската пејачка заради КИЛОГРАМИТЕ и физичкиот изглед, ова навистина боли!
Зборовите што ги слушна младата девојка од членовите на жирито би можеле и вас да ве зaбoлaт
Шармантната Македонка Сања Тодоровиќ настапи на сцената во дуел со Дијана Михајловиќ од Србија.
Нашата кандидатка се престави со песна од Галија и Наташа Беквалац, додека Диана со Селма Бајрами и Инди
Со песна од Селма ги крена сите на нозе
Диана Михајловиќ има 25 години и со својот генијален настап во Ѕвездите на Гранд ги воодушеви сите.
Таа настапи со песна од Селма Бајрами „Какво тeлo Селма има“ и ги подигна сите на нозете. Сите танцуваа, а Јелена Карлеуша, Босанац и Саша Поповиќ посебно беа воодушевени од нејзиниот изглед.
Погледнете како беше облечена Дијана за овој настап:
Не дозволувај мажите да те гледаат како килограм месо
Но и покај својот одличен настап, таа освои само четири поени за разлика од нашата претставничка која доби шест.
Саша Поповиќ истакна дека се познава дека менторите завршиле добра работа, па коментираше дека спојот би бил идеален кога – гласот би бил на Сања, а тeлoтo на Диана. Но тогаш се надоврза Бекута која кажа дека Сања може да го достигне таквото тело, но Диана не може никогаш да го достигне нејзиниот глас.
Ана исто така нагласи дека изгледот е преценет во шоубизнисот, а сличен коментар имаше и Марија Шерифовиќ.
„Се согласувам дека Сања би можела да изгледа многу пoaтpaктивно во склад со годините и пеењето, но на пример Диана, кога би знаела малку подобро да пееш ти би била одлична. Те молам поработи на тоа, не дозволувај мажите да те гледаат само како грам месо, бидејќи тоа не би било убаво“.
Од друга страна и на Ѓорѓе Давид, како поранешен ментор на Сања не му беше јасно како дозволила толку да се поправи и така да се облече.
„Недозволиво е на само 23 години вака да изгледаш“, коментираше тој додавајќи дека не му е јасно како успеала толку да се поправи.
Дијана ти напредуваше многу, се сеќавам на тебе од претходните сезони. Се надевам дека во следниот период ќе има уште поголем напредок. Сања навистина е подобра пејачка, и јас секогаш тоа го поддржувам, но не значи дека и ти немаш квалитет, се надоврза Вики.
А тогаш дојде на ред и Јелена Карлеуша, менторката на Сања.
„Сања, ти честитам. Ти си топ пејачка, точно е дека мора да ослабнеме и да поработиме на стајлингот. Секој може да ослабнеме и не дозволувај килограмите и недостатокот на енергија да те одвлечат од целта да бидеш ѕвезда. За жал во шоубизнисот жените екстремно се гледаат низ физичкиот изглед и ова е таква работа. Во фармерки и маичка може да биде само бpyтална пејачка како Марија Шерифовиќ“, го објасни својот став Јелена Карлеуша.
Од друга страна Карлеуша и се обрати и на другата натпреварувачка и призна дека не го тргнала погледот од неа.
„Ти си таква мачка, само да поработиш на пеењето. Јас обожавам кога жена има големо декo лте. Што е жена без гpa*и и ‘позадина’?“ коментираше таа, па Саша Поповиќ не можеше да се воздржи, а да не ја праша какви мажи сака, со коса, ќелави, влaкнести, со мустаќи или нешто друго.
„Па не можам да зборувам во множина. Јас сакам еден, млад и со коса“, одговори популарната пејачка.
Фото: Инстаграм/ Сања Тодоровиќ (@todorovic.s)
Погледнете уште неколку фотографии од младата пејачка…
Фото: Инстаграм/ Сања Тодоровиќ (@todorovic.s)
Фото: Инстаграм/ Сања Тодоровиќ (@todorovic.s)
Фото: Инстаграм/ Сања Тодоровиќ (@todorovic.s)
Фото: Инстаграм/ Сања Тодоровиќ (@todorovic.s)
Фото: Инстаграм/ Сања Тодоровиќ (@todorovic.s)
Фото: Инстаграм/ Сања Тодоровиќ (@todorovic.s)
Фото: Инстаграм/ Сања Тодоровиќ (@todorovic.s)
Фото: Инстаграм/ Сања Тодоровиќ (@todorovic.s)
Фото: Инстаграм/ Сања Тодоровиќ (@todorovic.s)
Фото: Инстаграм/ Сања Тодоровиќ (Ѕвездите на Гранд)