Наши ѕвезди

ФОТО: Вљубени до уши – девојката на Жаре до „Еден на еден“ е ВИСТИНСКА УБАВИЦА

Advertisement

Симпатичното детенце кое го паметиме по улогите во детските серии „Умни глави“ и „Големи и мали“, порасна во зрел и успешен маж. Водителот Жарко Димитриоски сега е препознатлив по неговата емисија „Еден на еден“ и неговата маркетинг агенција.

ФОТО: Еден на еден / Инстаграм
ФОТО: Еден на еден / Инстаграм

„Првпат почнаа да ме препознаваат случајни луѓе на улица по емитувањето на „Големи и Мали“. Играв во навистина многу детски и играни серии, но долго време, па дури и денес за некои сум Диме Такси. Претпоставувам дека како дете многу повеќе сум се правел важен.

Advertisement

Со тек на времето тоа што луѓето те знаат го сфаќаш како дел од работата. Сепак, нема ништо поубаво од тоа да те запре некој за да ти каже дека ја цени твојата работа и дека му е чест што има можност да те поздрави. Таквите моменти се навистина прекрасни“, изјави Димитриоски во интервју за „Дневник“.

ФОТО: Еден на еден / Инстаграм
ФОТО: Еден на еден / Инстаграм

Еден на Еден е авторски проект на Димитриоски кој започна во 2008 година како дел од програмата на тогаш новата А2 телевизија.

Во интервју за Гламур тој откри како е да се работи на таков проект.

Advertisement

„Потребен е огромен тим и масивни вложувања за да може да испорачуваш неделно шоу од овој тип и затоа клучот е да го сакаш истото. За среќа, ние уживаме во тоа што го правиме, па на некој начин компензираме за сиот труд и енергија кои се црпат недела за недела“, кажа Жаре за Гламур.

ФОТО: Еден на еден / Инстаграм

Коосновач е на маркетинг агенцијата „Еден на еден“ и добитник е на наградата за најдобар Претприемач на годината 2017 во Македонија, а беше избран и на престижната список на Forbes 30 Under 30, како еден од најдобрите 30 претприемачи под 30 години во Европа од областа на медиуми и маркетинг.

Жаре ја основаше маркетинг агенцијата заедно со својот брат во 2012 година и оттогаш истата станува една од ретките домашни агенции која нуди комплетно портфолио маркетинг услуги. Помеѓу нивните клиенти се вбројуваат некои од најголемите домашни компании, како и повеќе интернационални клиенти.

ФОТО: Еден на еден / Инстаграм

„Растеме брзо, има голема побарувачка за нашата маркетинг агенција и морам да признаам, тоа си има свои предности и недостатоци. Главниот план е да не избрзуваме со ништо, да созреваме паметно. Макар тоа значело и одбиени понуди за кампањи, нови клиенти и сл., исклучително важно ни е се што ќе прифатиме да го работиме, да биде сработено најдобро! И тука секако, нема компромис“, кажа Жаре за Гламур.

ФОТО: Еден на еден / Инстаграм

Тој не е многу активен на социјалните мрежи и ретко може да се видат негови фотографии од приватност.
Но, љубовта со убавата Марија од Гостивар никогаш досега не ја криел. Публиката дозна за нив по неколкуте нивни појавувања на јавни настани.

ФОТО: Мариа В. Спасовска / Фејсбук
ФОТО: Мариа В. Спасовска / Фејсбук

Судејќи според фотографиите може да се забележи дека двојката ужива во својата љубов и секој заеднички миг.

ФОТО: Мариа В. Спасовска / Фејсбук
ФОТО: Мариа В. Спасовска / Фејсбук

Во една во своите емисии во која гостин му беше српскиот пејач Саша Ковачевиќ, Жаре побара помош од Саша при изборот на подарок за својата сакана.

Имено, водителот извади две кутии за накит и побара помош од Саша да одлучи или избере кое парче накит да биде за девојката, а кое за неговата братучетка матурантка.
Саша му помогна со изборот, па му препорача нежното ѓерданче да биде за саканата на Жаре, додека алката за рака како подарок за братучетката.

Жаре ретко зборува за својот приватен живот, па засега останува непознато дали тој и Марија планираат својта љубов да ја крунисаат со брак.

Во продолжение погледнете нивни заеднички фотографии:

ФОТО: Мариа В. Спасовска / Фејсбук
ФОТО: Мариа В. Спасовска / Фејсбук
ФОТО: Мариа В. Спасовска / Фејсбук
ФОТО: Мариа В. Спасовска / Фејсбук
ФОТО: Мариа В. Спасовска / Фејсбук
ФОТО: Мариа В. Спасовска / Фејсбук
ФОТО: Мариа В. Спасовска / Фејсбук
ФОТО: Мариа В. Спасовска / Фејсбук

 

ФОТО: Мариа В. Спасовска / Фејсбук

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button