Марина Туцаковиќ стави перика и ги изненади сите со новата ФОТОГРАФИЈА: „Кога сакам, изгледам одлично!“
Марина Туцаковиќ се огласи за медиумите за да објасни во каква состојба е бидејќи многумина се загрижени за нејзиното здравје.
Нејзините пријатели и фанови се загрижени посебно откако ја видеа фотографијата што ја објави нејзиниот син.
На оваа фотографија што деновиве „исплови“ во медиумите, Марина е драстично ослабната и изгледа изморено.
Таа веќе неколку години води битка со опасната болест, но како што вели и самата не се предава и верува дела сé ќе биде во ред.
„На терапии сум. Онака сум, ништо посебно да ви кажам. Не е ни најдобро, а не е ни толку лошо. Не ги знаеме резултатите, дури во февруари ќе знам како и што се случува откако ќе направам контрола“ вели таа за Телеграф Џетсет.
„Знаете како, целиот живот ја гледав подобрата страна. Голем оптимист сум, верувам дека на крај ќе биде се добро“, идодаде Туцаковиќ.
Таа на својот Инстаграм профил објави и една фотографија на која е поприлично дотерана и изгледа како старата Марина.
Седи на столче и на главата носи перика.
Со ова таа на сите им даде до знаење дека не се предава и дека е голем борец, а под фотографијата го напиша следниов коментар
„Кога сакам, изгледам одлично“, пишува Туцаковиќ.
„Браво Марина. Вие сте жена змеј. Убава сте. Изгледате преубаво“, беа некои од коментарите на нејзините фанови.
Марина е една од најдобрите текстописци на просторот на поранешна Југославија. Таа моментално закрепнува од тешката болест со која се бори веќе неколку години, а активна е на социјалните мрежи, посебно на Твитер и Инстаграм каде што ја објави фотографијата.
Фото: Инстаграм/ Марина Туцаковиќ
Фото: Инстаграм/ Марина Туцаковиќ
Фото: Инстаграм/ Марина Туцаковиќ
Фото: Инстаграм/ Марина Туцаковиќ
Фото: Инстаграм/ Марина Туцаковиќ
Фото: Инстаграм/ Марина Туцаковиќ
Фото: Инстаграм/ Марина Туцаковиќ
Фото: Инстаграм/ Марина Туцаковиќ
Фото: Инстаграм/ Марина Туцаковиќ