Реклама
Наши ѕвезди

Цеца објави прво видео со ќерката на своето ново момче Богдан – ПОГЛЕДНЕТЕ како уживаат во луксузот на Копаоник

Реклама

Популарната пејачка ужива во зимската идила со новото момче и неговата ќерка

Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ

Најголемата балканска фолк-ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ (47) реши со своето ново момче да замине на зимување и да се одмори од градскиот метеж.

Таа задно со Богдан Срејовиќ (38) отпатува на Копаоник, каде пејачката изнајми луксузен апартман.

Маркетинг

Цеца вчера на својот профил на Инстаграм го објави и првото видео кое е поврзано со нејзината нова љубов. Но на видеото не е Богдан, туку неговата наследничка од првиот брак, малата Искра, која што Срејовиќ ја има добиено со сегашната девојка на Саша Ковачевиќ, Зорана.

Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ

Имено, пејачката сподели видео од ресторанот на кое можеме да видиме како се забавува со ќерката на Богдан.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ

Тие и двете уживаат, а во еден момент Цеца и кажува на девојчето да им испрати бакнеж на нејзините фанови.

Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ

Малата тоа и го прави, а потоа ја бакнува и Цеца.

Како што пишува Информер, Цеца и Богдан не жалеле пари за зимувањето, па се сместиле во еден од најпознатите хотели каде го изнајмиле најголемиот апартман и издвоиле за него околу 4000 евра. Како наведува изворот, апартманот поседува две големи соби, па во едната ќе ужива новопечениот пар, додека во другата ќерката на Богдан со дадилката. Жената ја понеле со нив за да биде нон-стоп со малата Искра, така што тие двајцата би можеле да бидат сами кога и а посакаат. На Копаоник моментално се и нивните пријатели, па планираат да се гледаат и со нив, а секое слободно време го поминуваат сите заедно.

Фото: Инстаграм/ Богдан Срејовиќ

Богдан Срејовиќ, новото момче на Цеца и менаџер во неколку луксузни ресторани многу е поврзан со ќерката Искра и се обидува секое свое слободно време да го помине со неа, така што негова била идејата Искра да тргне со нив на Копаоник. Цеца без збор го прифатила тоа, вели изворот за порталот „Информер“.

Сега повеќе од јасно е дека пејачката има прекрасен однос со детето на своето ново девет години помладо момче.

Цеца со внукот Жељко (Фото: Инстаграм)

„Цеца генерално ги сака децата, а во Богдан толку е заљубена што малата Искра буквално ја обожава. Постојано и купува некои играчки и се шегува со неа. И кажува дека ќе биде голема ѕвезда затоа што девојчето обожава да се фотографира, постојано позира и се однесува како фото-модел. Таа е мошне интелигентна, па Цеца со неа разговара како со возрасна личност. На Богдан срцето му е исполнето кога гледа како тие двете се согласуваат. Најважно му е детето да ја прифати Цеца, а малата за сега одлично реагира на новата девојка на нејзиниот татко“, пренесува изворот.

Фото: Инстаграм/ Анастасија Ражнатовиќ

И бидејќи денешните деца ги сакаат младите пејачи и јутубери, за Искра ќерката на Цеца, Анастасија, е како божица.

Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ

Таа ги обожава нејзините песни и воодушевена е што Цеца е нејзината мајка и што го поминува времето со неа.

Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ

Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ

Фото: Инстаграм/ Богдан Срејовиќ

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм/ Богдан Срејовиќ

Фото: Инстаграм/ Богдан Срејовиќ

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button