Оваа убавица е „тајната ќерка“ на Путин – ужива во луксуз и носи само БРЕНДИРАНА облека, а мајка и беше куќна помошничка!
Младата дама ужива во богатството и луксузот
Профилот на младата тинејџерка (17) за која се зборува дека е ќерка на Владимир Путин, прв пат го објави Алексеј Навални.
На фотографиите што ги објавува на социјалните мрежи можеме да видиме како Елизабета – на Инстаграм позната како Луиза, носи заштитна маска од престижната модна куќа „Chanel“ и живее луксузен живот исполнет со страст кон скапите дизајнерски брендови, меѓу кои најчесто се наоѓаат и оние најскапите со логоата на „ISL“, „Bottega Veneta“, „Miu Miu“, „Tom Ford“ и „Dolce & Gabbana“.
Како што пренесуваат странските медиуми, нејзината мајка Светлана Кривоногих која денес има 45 години, своевремено била куќна помошничка која станала милионерка откако ја започнала врската со Путин при крајот на деведесеттите години на минатиот век. Таа тогаш била чистачка, а тој шеф на ФСБ, пред да се разделат некаде на почетокот на 2000-те, кога е родена Јелисавета, се наведува и во извештајот на рускиот истражувачки портал Проект.
На останатите слики што Луиза ги објавува на Инстаграм може да се види како ужива во луксузниот живот сред пандемија.
Овие информации испловија во јавноста откако непријателот на Кремљ, Алексеј Невални го обвини Владимир Путин дека државните пари ги користи за финансирање на своите тајни љубовнички, а една од нив е и мајката на оваа дама. Навални кој беше отруен со нервен гас, ги изнесе овие обвинувања пред апсењето во Москва, тврдејќи дека Путин има финансиска шема со која наводно ги покрива трошоците на неговиот богат живот.
Како што пренесува британскиот магазин „Сан“, Путин и мајката на Луиза, Светлана, наводно имале врска при крајот на деведесеттите години на минатиот век, кога работела за Путин и неговата тогашна сопруга.
Се претпоставува дека таа го придржувала Путин на неговите далечни патувања, кога имала 20 години, а подоцна влегла во „матни“ бизниси.