Реклама
Наши ѕвезди

Цела Македонја ја знае актерката што го однесе во кревет момчето на Истанбулската невеста – таа намерно го направила тоа?!

Реклама

Асли повторно е во депресија

Фото: Инстаграм/ Асли Енвер

Познатата турска актерка Асли Енвер е убедена дека колешката што ја знае цела Македонија намерно завршила во креветот на нејзиниот партнер.

Кога животот пред вас ви стави тешки предизвици, вие ги прифаќате, не очајувате – ова е животното мото на 36 годишната актерка Асли Енвер која што македонската публика ја засака со нејзината генијална улога во популарната серија Истанбулска невеста.

Маркетинг

Иако на деловен план веќе со години и оди одлично, таа не може многу да се пофали и со нејзиниот љубовен живот.

Фото: Инстаграм/ Асли Енвер

Имено, Асли беше во брак со колегата Биркан Сокулу, но тие по три години се разделија во 2015 година.

Маркетинг

По разводот, на снимањето на филмот „Брате мој“, таа ќе се вљуби во својот колега и музичар Мурат Боз. Таа не криеше дека е среќно вљубена во него, но нејзината среќа траеше до пред неколку месеци кога сите медиуми во Турција објавија дека Мурат ја оставил Асли по три години врска.

Фото: Инстаграм/ Асли Енвер

Таа наводно по оваа врска се гледала со поранешниот кошаркар Керем Тунчери (41), кога на своите пријатели им се пофалила дека прв пат е вистински заљубена. Но како што пишуваат деновиве турските медиуми, кошаркарот наводно ја оставил пред неколку недели заради нејзината колешка, 39 годишната Ѓокче Бахадир, која нашатата публика ја запозна по хит серијата „Кога лисјата паѓаат“ каде ја толкуваше улогата на Лејла, една од ќерките на Али.

Фото: Принтскрин/ Кога лисјата паѓаат

Извор близок до Асли наведува дека актерката во моментов е во депресија и дека не може да поверува дека Керем тоа го направил.

Фото: Инстаграм/ Ѓокче Бахадир

Тие планираа заеднички живот, но тогаш дознала дека има љубовничка. Асли мисли дека нејзината колешка намерно завршила во креветот на нејзиниот партнер и дека тоа го направила плански.

„Моментално не е подготвена за нова врска, а депресијата ја лечи со гледање серии и прошетки со пријателките“, вели извор за турските медиуми, пишува „Стори.хр“.

Фото: Инстаграм/ Асли Енвер

Нема да и бие лесно да го преболи Керем, а изјавила и дека не знае дали повеќе некогаш ќе има сила да му верува на некој друг маж.

Фото: Инстаграм/ Мурат Боз

Нема среќа во љубовта

Таа беше очајна и кога нејзиното претходно момче, Мурат, непосредно пред венчавката реши да си ги спакува куферите и без да и каже замина за Мајами, каде го промени телефонскиот број и некое време беше недостапен за неа.

Фото: Инстаграм/ Асли Енвер

Како што објавија тогаш турските медиуми, популарниот музичар тоа го направил заради љубоморните испади на познатата актерка, и наводно откако се покајал за својата постапка, Асли му пружи уште една шанса.

Фото: Инстаграм/ Мурат Боз

Инаку, Асли во „Истанбулската невеста“ ја глумеше скромната и добродушна Суреја, талентирана музичарка која живее со својата тетка, која е нејзина единствена роднина. Нејзиниот живот засекогаш ќе се промени откако ќе се вљуби во Фарук Боран, богатиот и згоден деловен човек чие семејство е едно од најстарите и најбогатите семејства во цела Турција. Нивната љубов која пркоси на обичаите од средината во која што потекнуваат, ќе помине низ голем број искушенија, се додека истанбулската невеста не биде потполно растргната помеѓу традицијата и модерниот свет во кој што живее.

Фото: Принтскрин

Таа тогаш призна дека му дала уште една шанса, и покрај тоа што нејзините блиски не се согласуваа и ја предупредуваа да не го прави тоа. И тие очигледно биле во право. Но убавата актерка реши повторно да се впушти во љубовна авантура со музичарот кој за кратко време повторно ќе реши да ја прекинат врската затоа што наводно не можел да ги трпи љубоморните испади на Асли и нејзината желба за контрола. Целата ситуација ја донесе до психички слом, а извор близок за турските медиуми тогаш прв пат откри дека познатата актерка почнала да се чувствува непријатно и непосакувано и дека сега има проблем со самодовербата.

„Ни еден маж не ме сака зашто што не сум убава како останатите актерки. Усните не ми се доволно големи, очите премногу ми се вовлечени и изгледам депресивно заради обликот на моето лице“, наводно се пожалила тогаш истанбулската невеста пред една своја пријателка, пишуваат турските медиуми.

Фото: Инстаграм/ Асли Енвер

„Претешко беше кога се разделивме. Тоа е најлошо во врската, но тешко е и кога вашиот партнер не може да ве разбере на вистинскиот начин. Секоја врска е поинаква, но најважно е лицето со кого сте во врска најпрво да го гледате како човек, а не како момче или девојка. Тоа е најдобар начин да поставите темели за здрав однос“, изјави бринетата која тогаш призна дека до следниот брак не би сакала да живее со маж бидејќи мисли дека нивната љубов на тој начин би се потрошила, а проблемите би останале нерешени.

И очигледно Асли имаше право за тоа…

Фото: Инстаграм/ Асли Енвер

Фото: Инстаграм/ Асли Енвер

Фото: Инстаграм/ Асли Енвер

Фото: Инстаграм/ Асли Енвер

Фото: Инстаграм/ Асли Енвер

Фото: Инстаграм/ Асли Енвер

Фото: Инстаграм/ Асли Енвер

Фото: Инстаграм/ Асли Енвер

Фото: Инстаграм/ Асли Енвер

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button