Реклама
Наши ѕвезди

Не ги жали парите – Душко Тошиќ на својата швалерка и купува СКАПОЦЕНИ ПОДАРОЦИ? Се огласи и Јелена Карлеуша

Реклама

Својата љубовница ји купува скапоцени подароци

Фото: Инстаграм/ Душко Тошиќ

Познатиот фудбалер Душко Тошиќ се најде во центарот на вниманието откако како бомба одекна веста дека се уште законскиот сопруг на Јелена Карлеуша наводно се гледа со поранешната сопруга на Пеџа Јовановиќ Близанац.

Како што објавија српските медиуми, Душко наводно до уши бил заљубен во својата нова љубовница Ана Јовановиќ.

Маркетинг

Тој наводно ја донел Ана да живее во близина на неговиот семеен дом – таа се преселила од станот во центарот на градот во изнајмена луксузна вила од каде секојдневно на Инстаграм објавува фотографии како вежба, се шминка, но и ужива со пријателите кога ќе и дојдат на гости.

Фото: Инстаграм/ Ана Јовановиќ

Како што пишува српскиот „Курир“ Тошиќ наводно бил галантен кон својата избраничка па и подарил и џип марка „БМВ“ за кој платил 80.000 евра. И откако го добила овој подарок, познатата блогерка и дизајнерка на костими за капење се вози со него низ градот. Таа кога овие вести се појавија во медиумите се огласи и преку социјалните мрежи ја демантираше нејзината врска со фудбалерот, додека Душко избра мудро да молчи.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Пеџа Јовановиќ Близанац

Откако овие веси се појавија во медиумите, се огласи и поранешниот сопруг на Ана, музичарот Пеџа Јовановиќ Близанац.Еве што изјави тој:

„Ана и јас не сме заедно и не е може да се мешам и да коментирам било што. Таа и јас сме во супер однос и така ќе остане“, изјави тој за „Курир“.

Фото: Инстаграм/ Душко Тошиќ

И Тошиќ реши да го прекине молкот

Душко Тошиќ на почетокот не сакаше да им дава значење на гласините што се појавија за него во медиумите, но овој пат реши да го прекине молкот. Имено, откако и по демантот на блогерката дека нема ништо со сопругот на Јелена Карлеуша во јавноста не престанаа да се пласираат поединостите од нивната наводна врска, реши да се огласи и тој.

Имено, Тошиќ реши да стави крај на гласините и јавно да покаже дека помеѓу него и Ана не се случува ништо.

Фото: Инстаграм/ Душко Тошиќ

Тој на својот Инстаграм објави фотографија и покажа дека поднел обвинение против сите медиуми кои ги пласираа лажните информации, па со тоа покажа дека во неговиот брак со Карлеуша сé е во најдобар ред.

Фото: Инстаграм/ Душко Тошиќ

Веднаш потоа, се огласи и Карлеуша:

„Навистина ми е жал што и Душко е вовлечен во оваа кал и што заради болната омраза кон мене пишуваат лаги за него кој секогаш бил верен, семеен човек, поштен, без дамки.. Овој пат тој одлучи да ја тужи баграта. Доста беше“ – напиша поп дивата на својот профил на Инстаграм.

Фото: Инстаграм/ Душко Тошиќ

Инаку, Карлеуша кога се случи ова беше на зимување на Копаоник со својата ќерка Атина, од каде редовно објавува фотографии.

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

Јелена неодамна откри дека ќерка и Атина е нејзина копија, а девојчето со своите фотографии тоа и го покажува.

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

Таа веќе заплови во манекенските води, а на социјалните мрежи преку ноќ стана ѕвезда.

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

Иако има само 12 години преубавото девојче на Инстаграм и ТикТок веќе има околу 125.000 фанови, а брендови што се занимаваат со облека и обувки за девојчиња и тинејџерки сакаат да ги рекламира.

Фото: Инстаграм/ Атина Тошиќ

Фото: Инстаграм/ Атина Тошиќ

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

Фото: Инстаграм/ Атина Тошиќ

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

Фото: Инстаграм/ Атина Тошиќ

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button