Иста е како мама – ќерката на Карлеуша со својот стајлинг од Дубаи ги сруши социјалните мрежи
Ќерката на Карлеуша објави неколку нови фотографии на својот Инстаграм на кои изгледа прекрасно.
Познатиот фудбалер Душко Тошиќ заедно со своите ќерки Атина и Ника Тошиќ замина на одмор во Дубаи.
Неговата сопруга, популарната пејачка Јелена Карлеуша заради обврски и новогодишни снимања остана во Белград.
Нивната постара наследничка Атина Тошиќ која веќе важи за популарна млада девојка на социјалните мрежи објави неколку фотографии на кои позира во стилизирано издание, со кои ги воодушеви своите бројни фанови. Тие велат дека стилот за облекување го наследила од својата мама, а како младата дама изгледаше, погледнете во продолжение.
Таа носеше виолетов топ и карирано здолниште, додека на нозете носеше патики со виолетови детали.
Во прашање е тренди комбинација која е совршена за нејзините тинејџерски години која очигледно не помина незабележано. Таа целото издание го заокружи со црна чанта, која што ја носеше преку рамениците.
Наследничката на Карлеуша несомнено потсетува на својата мама, а нејзините комбинации, кои и сами можете да ги видите во продолжение, се инспирација на многу млади дами. Впрочем тоа можеме да го заклучиме и од бројот на фанови што убавата Атина ги има на социјалните мрежи (само на Инстаграм има преку 115.000 фанови), но и од коментарите што ги добива под секоја своја фотографија од своите врсници.
Погледнете уште неколку нејзини фотки:
Фото: Инстаграм/ Атина Тошиќ
Фото: Инстаграм/ Атина Тошиќ
Фото: Инстаграм/ Атина Тошиќ
Фото: Инстаграм/ Атина Тошиќ
Фото: Инстаграм/ Атина Тошиќ
Фото: Инстаграм/ Атина Тошиќ
Фото: Инстаграм/ Атина Тошиќ
Фото: Инстаграм/ Атина Тошиќ
Фото: Инстаграм/ Атина Тошиќ
Фото: Инстаграм/ Атина Тошиќ
Фото: Инстаграм/ Атина Тошиќ
Фото: Инстаграм/ Атина Тошиќ
Фото: Инстаграм/ Атина Тошиќ
Фото: Инстаграм/ Атина Тошиќ
Фото: Инстаграм/ Атина Тошиќ
Фото: Инстаграм/ Атина Тошиќ
Фото: Инстаграм/ Атина Тошиќ
Фото: Инстаграм/ Атина Тошиќ
Фото: Инстаграм/ Атина Тошиќ
Фото: Инстаграм/ Атина Тошиќ