Штипјанка со својот глас направи хаос во „Гранд ѕвезди“ – Карлеуша воодушевена, еве што и порача на убавата девојка!
Марија Данева (20) од Штип ги воодушеви сите со својот настан
Младата пејачка од Штип Марија Данева на грандиозната сцена во „Гранд ѕвезди“ настапи со песните „Збунета“ од „Негатив“ и „Гинам“ од „Магазин“.
Таа помина многу подобро од другата натпреварувачка Сања Величковиќ (31) од Белград од тимот на Марија Шерифовиќ.
Марија која е од тимот на Александар Милиќ Мили ги освои сите шест гласа, додека Сања само три.
Карлеуша прва го коментираше настапот на девојките. Еве што им порача популарната пејачка.
„Сања брутално добро си облечена, имаш многу стил и вкус. Пеењето – имаше многу фалшови. Се обидев да извлечам, да играм на стилот, но ништо. Од друга страна Марија топ! Има сé што треба! Браво“ – изјави таа.
„Марија Данева, браво девојко, убавице“, коментираше Ана.
И Ѓорѓе беше воодушевен од неа кој изјави дека никој досега не ја отпеал олку добро оваа песна од Негатив.
Инаку, истата вечер кога настапи и ова прекрасна Македонка, се случи и еден од најлошите настапи во шоуто досега.
Имено, младиот Елмин Јањош од Вареш доживеа потполн дебакл на сцената со песната „Секаде си околу мене“.
На натпреварувачот му „избега матрицата“, па претставниците на жирито цело време се фаќаа за глава.
Тие не можеа да сокријат изненадувањето од овој, како што сами го нарекоа, катастрофален настап.
Сепак, Елмин со втората песна успеа да се искачи над сите фалширања и киксови, па на крај доби три гласа.
„Тука во само три минути слушнавме личност што се изрезили како никој досега во шоуто, а потоа една пеперутка која се издигна од целата ситуација. Од еден дебакл влезе во триумф“ коментираше Јелена што ги изнервира останатите колеги од жирито, на чело со Саша Поповиќ.
И додека директорот тврдеше дека Елмин не треба да помине, неговиот ментор Мили и Јелена тврдеа дека е феникс и дека треба да му се даде шанса. И откако сите членови застанаа на нозете и почнаа да го бодрат Елмин да запее со полно срце, следуваше пресврт каков никој не очекуваше.
Натпреварувачот без грешка ја испеа песната, па решија да му прогледаат низ прсти и го пуштија во следниот круг.
Марија е новата Гранд ѕвезда
Но да се вратиме на убавата штипјанка Марија која со својот глас остави најдобар впечаток во шоуто.
Таа ја избра Јелена Карлеуша за свој ментор и во следниот круг ќе ја подготвува заедно со Мира Шкориќ.
Во шоуто беше заедно со своите родители, а како изгледаше на сцената погледнете во продолжение.
Фото: Инстаграм/ Марија Данева
Фото: Инстаграм/ Марија Данева
Фото: Инстаграм/ Марија Данева
Фото: Инстаграм/ Марија Данева
Фото: Инстаграм/ Марија Данева
Фото: Инстаграм/ Марија Данева
Фото: Инстаграм/ Марија Данева
Фото: Инстаграм/ Марија Данева
Фото: Инстаграм/ Марија Данева
Фото: Инстаграм/ Марија Данева
Фото: Инстаграм/ Марија Данева
Фото: Инстаграм/ Марија Данева
Фото: Инстаграм/ Марија Данева