Нема да ви се верува што сé има во гардероберот на Карлеуша – ПОПУЛАРНАТА дива само за чевли има потрошено 250.000 евра
Погледнете како изгледа гардероберот на Карлеуша
Со само неколку полици од нејзиниот гардеробер би можеле да купиме два стана во центарот на Скопје
Екипата на српскиот Телеграф беше во домот на контроверзната поп-дива Јелена Карлеуша каде пејачката им ги отвори вратите од својот гардеробер.
Оние што ја следат популарната дива многу добро знаат какво богатство пејачката крие во своите плакари.
Таа живее со ќерките и сопругот Душко Тошиќ, а наскоро ќе се преселат во новата вила која што ја купија за 2.5 милиони евра.
Пејачката новинарите ги пречека во својот дом во баде мантил и им покажа дел од гардероберот, а како што самата вели, има уште многу други работи кои се расфрлани низ другите соби во нејзиниот раскошен дом.
Она што прво им падна во очи на новинарите беа нејзините познати чизми од дизајнерскиот бренд „YSL“ 8500 евра, потоа чантите од „Hermès“ од кои најевтината е 15.000, додека некои одат и преку 35.000 евра.
Од луксузниот бренд „Balenciaga“ има неколку исти модели, но во различни бои и дезени, па кога ќе се собере се добива цифра од неколку илјади евра. Покрај овој бренд кој важи за еден од омилените на популарната пејачка, тука се и бројни парчиња од „Fendi“, „Dior“, „Chanel“, „Pradа“, „Givenchy“, „Versace“, „Max Мara“, „Valentino“, „Dolce & Gabanna“, „Christian Lounoutin“, „Victoria Beckham“ и бројни други.
Во просторијата во која што ги чува своите чевли има преку 200 пара, а некои од нив чинат и по неколку илјади евра.
И кога ќе ја соберете цифрата, ќе дојдете до заклучок дека Јелена Карлеуша само за високи потпетици има потрошено неколку стотици илјади. И ако на овие фрапантни цифри ги додадеме и бројните скапоцени чанти, фустани, капути и разно-разни други модни додатоци, слободно можеме да кажеме дека на овие полици лежи богатство вредно можеби десетина станови во центарот на Скопје.
Во продолжение погледнете и како Јелена го украси својот дом за новогодишните празници.