Еве како изгледа Лепа Брена без грам шминка – ќе се изненадите, фотографијата е хит на Интернет, ова не сте го очекувале!
Пејачката Лепа Брена и нејзиниот сопруг Слободан Боба Живојиновиќ годишнина од бракот прославија во Париз.
Но по посетата на Градот на светлината, популарната пејачка се огласи од Златибор каде ужива во моментов.
Од нејзината насмевка можеме да заклучиме дека одлично го минува времето на ова место каде е со своите пријателки.
Тие заедно уживаат во пријатниот амбиент, а пејачката реши дел од атмосферата да сподели со своите фанови на социјалните мрежи.
На фотографиите Брена нема ни грам шминка на лицето, а многумина се воодушевени и од нејзиниот стајлинг.
Пејачката носи топол, обичен џемпер со ролка во светло зелена нијанса, а со новата фризура изгледа десетици години помладо.
Брена и Боба неодамна прославија 29 години од бракот.
Тие од овој брак ги добија синовите Стефан и Виктор, додека Бобан од претходниот брак го има синот Филип.
Инаку, популарната фолк-пејачка е во одличен однос со претходната сопруга на Бобан, како и со нејзиниот син Филип кој се ожени со Александра Пријовиќ.